Свет
Чад над третиот реактор во Фукушима

Сив облак на чад утринава се издигна над третиот блок на нуклеарната централа „Фукушима 1“, поради што се евакуирани работниците, додека причините за појавувањето на чадот се утврдуваат.
Сив облак на чад утринава се издигна над третиот блок на нуклеарната централа „Фукушима 1“, поради што се евакуирани работниците, додека причините за појавувањето на чадот се утврдуваат. Чадот се издига од базенот за складирање на употребеното нуклеарно гориво, изјави портпаролот на компанија Тепко која управува со централата. Поради оваа најнова незгода се јавија сомнежи околу водата во базенот, односно околу ослободувањето на уште поголема количина на радиоактивно зрачење. За време на викендот во јадрото на третиот реактор дојде до зголемување на притисокот, што беше знак за нова тревога кај официјалните лица на централата. Британскиот сервис Би Би Си јави дека во тек се работите за стабилизирање на состојбите во нуклеарката и дека струја има во три од шесте реактори. Сепак според податоците на Меѓународната атомска агенција системите за ладење сеуште не се реактивирани. Претходно раководството на централата соопшти дека нуклеарното гориво во реакторите пет и шест, кои предизвикаа најмалку проблеми, е изладено до безбедно ниво и дека тие се наоѓаат под контрола. крај/б/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Србија 3.339 нови случаи на коронавирус, 16 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.339 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починале.
Тестирани се 14.128 лица. Во болница има 3.876 пациенти, од кои 159 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени 453.240 случаи на коронавирус, а починале 4.414 лица.
Стапката на смртност е 0,97 проценти. Досега се тестирани 2.917.578 лица, пренесува „Танјуг“.
Европа
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пристигнува во ЕУ, одобрувањето се очекува до 11 март

Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.
Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.
ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.
Свет
Коронавирус откриен на два американски воени брода

Коронавирусот се појави на два американски воени брода на Блискиот Исток, соопшти Петтата флота, чијашто база е во Бахреин.
Повеќе од 10 члена на екипажот на десантниот брод „Сан Диего“ се заразени со коронавирус и бродот веќе е во Бахреин, додека постои сомневање дека неколку лица биле заразени на ракетниот крстосувач „Филипинско Море“.
На „Сан Диего“ има речиси 600 луѓе, додека на „Филипинско Море“ има околу 380 членови на екипажот, јавува АП.
Американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ минатата година мораше да помине речиси два месеца во Гуам, откако беа заразени повеќе од 1.000 морнари, а еден почина.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер