Свет
Секој шести Американец е Хиспано
Демографските податоци на Американското биро за статистика кои се обајвени во четвртокот покажуваат дека хиспано-американската популација во САД достигна нова пресвртница надминувајќи 50 милиони припадници, што значи дека денес секој шести американец е Хиспано
Како што пишува CNN, резултатите од американскиот попис од 2010 г. покажуваат дека на Хиспано-американците отпаѓа повеќе од половината на природниот прираст на населението во минатата декада, што ги надминува сите предвидувања во повеќето сојузни американски држави. Дури 25 отсто од децата во САД се Хиспано. „Ликот на оваа земја се менува“, изјави за CNN, демографот Џефри Пасел од Хиспаноамериканскиот центар PEW.Главен белег на демографските податоци е дека белата популација останува иста и се движи околу 197 милиони припадници, а латино и азиската популација брзо растат, додал Пасел.Новите податоци претставуваат целосно изненадување за американските демографи, бидејќи веќе се објавени демографски податоци за сите сојузни држави, освен за Њујорк, Мејн и Дистриктот Коламбија.Имено, речиси 47 милиони Хиспано-американци се попишани во 48 американски сојузни држави, а се очекува дека хиспано популацијата во Њујорк ќе придонесе нивната вкупна бројност да го мине прагот од 50 милиони и да досегне до 50,5 милиони припадници. Според процените на Хиспаноамериканскиот центар Pew, пописот на населението 2010 г. Може да покаже дека во САД има 900 илјади Хиспано повеќе од очекувањата, бидејќи нивниот број ги надминал предвидувањата во 40 од 50 сојузни држави на САД.Азиската популација во САД речиси идентично брзо расте како и хиспано популацијата, но како што изјави Пасел, нејзините припадници се трипати помалку отколку Хиспано. Азијатите првпат во американските пописи имаат поголем номинален раст од Афро-американците кои остануваат најголема малцинска група со околу 37 милиони припадници.Како што се забележува во прилогот, при пописот на населението и домаќинствата во САД, не било поставувано прашањето на имигрантскиот статус за да се придобијат да се попишат што повеќе илегални имигранти чијашто бројка се проценува на околу 10,7 милиони луѓе од кои повеќе од 70 отсто се Хиспано. „Тоа е попис на населението, така што не прашувавме за државјанството. Само броевме, не прашувавме дали се легално или илегално доселени“, изјавил портпаролот на бирот за статистика, Том Едвардс.Според пописот од 2010 г., бројот мултирасни Американци е зголемен за 2,5 отсто, односно околу 8,7 милиони припадници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
11 канали на „Телеграм“ блокирани во Русија поради терористичка содржина
Руската агенција за следење на комуникациите „Роскомнадзор“ го ограничи пристапот до 11 канали на платформата „Телеграм“ поради терористичка содржина во последните два дена, објави агенцијата РИА.
„Од терористичкиот напад во концертната сала ‘Крокус сити хол’ спроведуваме насочен мониторинг. Ги бележиме фактите за намерното ширење разни невистини по терористичкиот напад – фалсификати и повици за екстремистички активности“, соопшти „Роскомнадзор“.
РИА наведува дека на барање на „Роскомнадзор“ биле отстранети околу 600 документи со терористичка содржина или има забранет пристап до нив.
Регион
Кризата во Бугарија продолжува: никој не може да формира влада, на повидок се нови избори
Претставниците на партијата „Има таков народ“ денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада со што се отвора патот за закажување на вонредна парламентарна избори.
Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на сегашното Народно собрание, јавува Бугарското радио. Претседателот Радев сега треба да го одреди датумот на предвремените избори за парламентот, откако неисполнети му беа вратени трите мандати за формирање влада.
На изборите во април минатата година, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „Продолжуваме со промените“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот парламент, а нивните обиди за формирање влада претходно беа неуспешни.
Првиот мандат Радев и го довери на коалицијата ГЕРБ-СДС, но таа не формираше влада, мандатарката Марија Габриел се откажа и го врати мандатот.
Вториот мандат за состав на влада му беше доверен на Николај Денков.
Третиот мандат за состав на влада, според бугарскиот устав, претседателот го доверува на една од останатите парламентарни сили, по негова дискреција, во рок од 7 дена. Според уставот, доколку не се постигне договор за формирање влада, претседателот по консултација со пратеничките групи назначува преодна влада и распишува нови предвремени избори во рок од 2 месеци.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролет март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источен Медитеран. Типична песочна бура со дострел од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони“, објаснува директорот на Грчката метеоролошка служба, Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 Целзиусови степени, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степена, истакнаа од Грчката метеоролошка служба.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи население, особено луѓето што страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои може да се интегрираат со полен, бактерии и габи создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува Сојузот.