Контакт

Свет

Се очекува предавање на власта во Јемен

Објавено пред

Политичките сили во Јемен уште вo саботата може да се договорат за предавање на овластувањата на претседателот, изјавил шефот на дипломатијата во оваа земја од југот на Арабискиот полуостров, каде избувнаа немири по задушувањето на антивладините демонстрации

„Се надевам дека тоа ќе се случи денеска, временскиот период за предавање на власта е нешто за што може да биде дискутирано на состанокот“, изјавил министерот за надворешни работи на Јемен, Абубакар Ал Кирби, цитира Reuters. Опозицијата ги повика противниците на режимот да одржaт протестни митинзи на  кои ќе се бара оставката на претседателот на Јемен, Како што пренесе AFP стотици илјади приврзаници и противници на претседателот  Али Абдула Салех кои во петокот протестираа по улиците на главниот град Сана, во саботата ги обновија протестите.Претходно, претседателот Салех изјави дека тој нема да бара проширување на неговите овластувања и продолжување на мандатот кој истекува во 2013 г., како и дека нема да ја пренесе власта на својот син. Потоа, барајќи намалување на тензиите во земјата, Салех вети дека годинава ќе го даде на референдум нацртот за новиот устав кој ќе претставува транзиција кон парламентарни форма на управување со државата како што бара опозицијата. Сепак, опозицијата ги отфрли овие иницијативи на Салех сметајќи дека за тоа е премногу доцна.Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен. Претседателот Салех на 18-ти март бјави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Во средата таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град на Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ги негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Последниве месеци во повеќето земји од Блискиот Исток и Северна Африка беа покренати масовни народни протести кои веќе доведоа до соборување на повеќедецениските владејачки  режими во Египет и во Тунис. Во моментов безредијата продолжуваа, а особено се интензивни во Сирија. Повеќеседмични анти-владини демонстрации се одржаа претходно и во Алжир, Ирак, Јордан, Мароко, Оман, Бахреин. Но најнасилните судири се’ уште се одвиваат во Либија, каде што безбедносните сили лојални на режимот на либискиот водач Моамер Гадафи кој е на власт 42 години, со офанзива се обидоа да го задушат востанието во источниот дел од земјата, што беше причина и за интервенција на западните сојузници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Папата: Средбата со исламскиот водач беше мевлем за душа

Објавено пред

Папата Франциско се врати во Ватикан по историското тридневно патување во Ирак. Тој пред новинарите изјави дека неговата средба со големиот шиитски ајатолах Али Систани била мевлем за душата.

Папата, голем поборник за директен разговор со претставници на исламот, го опиша состанокот со Систани како разговор во четири очи со скромен и мудар човек во чија близина се чувствува почестен.

„Тој никогаш не станува да поздрави посетител, но стана двапати да ме поздрави мене“, им рече папата на новинарите во авионот на пат кон Рим.

„Верувам дека ова е универзална порака“, додаде папата.

Ајатолахот Систани е највисокиот водач на шиитите, втората гранка на исламот, која е мнозинство во Ирак.

Папата нагласи дека ќе има и други чекори во дијалогот со муслиманите. Тој ги отфрли критиките на сметка на неговите потези.

„Некои критичари велат дека папата не е храбар, тој не е свесен дека прави чекори надвор од католичката доктрина и дека е на чекор од ерес. Овие одлуки се донесуваат преку молитва, во дијалог и барање совет. Тоа е размислување, не каприц“, заклучи тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Внукот на Тито осуден на затворска казна во Белград

Објавено пред

Едвард Броз (70), еден од внуците на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, е осуден во отсуство во Високиот суд во Белград на осум месеци затвор, објави „Танјуг“.

Тој е осуден за сообраќајна несреќа во 1992 година, во која загина негов пријател.

Едвард Броз е осуден во отсуство бидејќи тој е во бегство од 2008 година и наводно живее во Загреб.

Тој побегна во Хрватска веднаш по несреќата во Земун, но беше уапсен 16 години подоцна на 21 јануари 2008 година на граничниот премин Батровци кога се обиде да влезе во Србија.

По три дена, тој беше ослободен да се брани од слобода, но му беше одземен пасошот и му беше наредено да се јавува во полиција на 15 дена.

На крајот на март 2008 година Броз се појави на почетокот на судењето пред Високиот суд во Белград и ги презентира одбраната и каењето за смртта на својот пријател, но тој повторно избега.

Поточно, тој не се појави на рочиштата во мај, јуни и во септември 2008 година, па судот издаде меѓународна потерница за него во октомври истата година.

Случајот беше одложен во Високиот суд во Белград, но судењето почна во негово отсуство на почетокот на минатата година.

(Фото: „Танјуг“)

Прикажи повеќе...

Европа

Бразилскиот вид на вирусот потврден и во Австрија

Објавено пред

Првиот случај на инфекција со бразилскиот вид на коронавирусот е потврден во австриската прокраина Салцбург.

Сомнежот се појавил на 23 февруари, кога примерокот бил испратен на секвенционирање, што покажало дека станува збор за бразилски вид.

По британскиот и јужноафриканскиот вид на вирусот, бразилскиот вид е третата мутација потврдена на австриско тло.

Видот наречен B.1.1.28 најпрво беше откриен во декември во Бразил, а потоа и кај група патници кои патувале од Бразил за Јапонија.

Првите студии покажуваат дека овој вид е далеку поинфективен од другите.

Бразилскиот сој веќе е откриен во неколку европски земји како Италија и Германија, а денеска го потврди и Словенија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Потврдени 316 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 316 нови случаи на коронавирус, 681 оздравен пациент и 11 починати, соопшти...

Македонија17 часа

Јавно обвинителство: Од „Телеграм“ засега немаме добиено никакви податоци за случајот „Јавна соба 2“

Од Јавното обвинителство велат дека активно постапуваат за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“, во пресрет...

Македонија18 часа

Грција не ги отвора границите за Македонија, продолжена забраната за патници од трети земји

Грција ја продолжи забраната за пристигнување патници од околните земји по воздушен, копнен и морски пат, а тоа правило важи...

Македонија18 часа

Филипче: Предложивме од среда да се воведе полициски час, најмногу поради непочитувањето на мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку објава на својот фејсбук-профил ја објасни причината за барањето на ресорното министерство за воведување...

Европа18 часа

Европската агенција за лекови засега не одобрува користење на руската вакцина во ЕУ

Високата службеничка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, апелираше до членките на Европската Унија да не го одобрат...

Свет18 часа

Меган Маркл: Сакав да се самоубијам, а не смеев да побарам помош

Во интервјуто кое се емитуваше на „CBS“, војвотката од Сасекс, Меган Маркл изјави дека имала суицидни мисли додека била бремена....

Свет19 часа

Американците тврдат дека пронашле лек за коронавирусот, во употреба за шест месеци

Новиот антивирусен лек „молнупиравир“ може да го смени текот на епидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е...

Забава21 час

Меган тврди монархијата одбила да го направи Арчи принц поради бојата на кожата

Меган, сопругата на принцот Хари, изјави дека пред раѓањето на нејзиниот син Арчи постоела загриженост дека неговата кожа ќе биде...

Македонија22 часа

„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне...

Свет1 ден

Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено...

Свет2 дена

Градоначалник во Италија даде оставка откако јавноста дозна дека се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне денес објави дека дава оставка откако преку ред се вакцинира против Ковид-19, а полицијата отвори...

Македонија2 дена

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија2 дена

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија2 дена

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Европа2 дена

Скандал во Бундестагот: Пратеници профитирале со трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет2 дена

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија2 дена

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија2 дена

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија2 дена

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа2 дена

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Досие