Свет
Расте поддршката за јапонскиот премиер

Анкетите покажуваат дека расте поддршката за јапонскиот премиер Наото Кан , во момент кога неговата влада се соочува со последиците од тројната катастрофа, јавува АП.
Анкетите покажуваат дека расте поддршката за јапонскиот премиер Наото Кан , во момент кога неговата влада се соочува со последиците од тројната катастрофа, јавува АП.Додека во февруари, пред земјотресот и цунамито, позитивен став кон владата на Кан имале помалку од 20 отсто, сега тој процент се искачи на 28,3 отсто.Рекордно ниската популарност во минатиот месец беше повод да се говори за „последните денови“ на кабинетот на Кан. Сега сето тоа како да се сврти во обратен правец.Околу 58 отсто од анкетираните ширум Јапонија го одобриле начинот на кој владата се бори за да ги отстрани последиците од земјотресот и од цунамито од 11 март. Речиси ист процент, сметаат дека тоа не важи за хаваријата во нуклеарката Фукушима./крај/бл/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Швајцарија им оддаде почит на жртвите на коронавирусот со едноминутно молчење и биење на камбаните

Црковните ѕвона одекнаа денес напладне во Швајцарија, а насобраните со едноминутно молчење одбележаа една година од првиот смртен случај од коронавирус во земјата.
Швајцарскиот претседател Гај Пармелин ги повика граѓаните да им оддадат почит на повеќе од 9.300 лица што починаа од Ковид-19 во Швајцарија, објави „Ројтерс“.
Во катедралата „Нотр Дам“ во Лозана, во француското говорно подрачје, чуварот Ренато Хосл ја биеше камбаната „Ла Клеменс“ од 16 век.
Во април, кога избувна пандемијата, Хосл продолжил да се искачува по 153 камени скали до својата кула за да ја бие ноќе во знак на поддршка на граѓаните за нивната солидарност и храброст.
Свет
Во Русија вакцинацијата со „епивак корона“ почнува во втората половина на март

Имунизацијата со вакцината „епивак корона“, развиена од рускиот Државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“, ќе почне во втората половина на март, изјави генералниот директор на Центарот, Ринат Максиутов, за „Русија-1 вести“.
„Нашите сограѓани ќе може да се вакцинираат со ‘епивак корона’ почнувајќи од втората половина на март“, рече тој, пренесе ТАСС.
Во октомври 2020 година „епивак корона“ стана втората вакцина против коронавирус регистрирана во Русија. Вакцината се состои од вештачки синтетизирани кратки фрагменти на вирусни протеини – пептиди, кои придонесуваат имунолошкиот систем да го препознае и неутрализира вирусот.
Европа
Хакерски напад во Прага, цел била електронската пошта на високи функционери

Официјални лица во Прага и Министерството за труд соопштија дека биле изложени на сајбер-напад врз нивните електронски адреси.
Градоначалникот на Прага рече дека нападот врз системите на јавните служби бил од поголем обем додавајќи дека сепак не предизвикал поголема штета.
Како што напиша градоначалникот Зденек Хриб на својот профил на „Твитер“, градските сервери го преживеале нападот.
„Ројтерс“ ја пренесе неговата изјава од утрово дека градската електронска пошта функционира и дека нема потреба да се обновуваат податоците.
Министерката за труд, Јана Малакова, изјавила дека и нејзиното министерство било нападнато, без да даде други детали.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“