Свет
Либиските востаници го освоија нафтеното пристаниште Рас-ал-Ануф
Противниците на либискиот водач Муамер ел-Гадафи, во неделата претпладне влегле во нафтеното пристаниште Рас ал-Ануф во источниот дел на земјата, јави Agence France-Presse
Ова стратешко пристаниште за извоз на либиската нафта на почетокот на востанието беше во рацете на бунтовниците, но од 12-ти март контролата врз него ја преземаа силите лојални на либискито водач Моамер ел-Гадафи. Пристаништето Рас ал-Ануф се наоѓа 210 километри западно од градот Аџдабија кој изминатите неколку дена беше поле на жестоки борби. Во петокот и саботата, авијацијата на коалицијата под команда на НАТО изведоа масовни удари врз силите на Гадафи во градовите Аџдабија и Марса-ел-Брега во источниот дел од земјата, во кои според либиската влада загинале десетици војници и цивили. Арапските тв станици утринава прикажаа десетици уништени тенкови и оклопни возила на либиската армија. Со воздушните напади на бунтовниците им беше овозможено за ги заземат двата града и да ја продолжат нивната офанзива кон западот на земјата. Како што наведува AFP, владината армија почнала со повлекување кон градот Сирт, родниот град на Гадафи. Војната во Либија започна во средината на февруари, кога во источниот дел од земјата започнаа протести со барање за повлекување од власта на Гадафи кој управува со државата веќе 42 години. Протестите подоцна прераснаа во вооружен судир меѓу владините сили и бунтовниците кои запленија магацини со оружје.. Меѓународните организации за човекови права соопштија дека во судирите меѓу бунтовниците и владините сили загинале повеќе илјади луѓе, но владата на Либија ги негираше овие информации. Според официјален Триполи, Либија се справува со милитантите од истокот на земјата кои се припадници на „Ал Каеда во земјите на исламскиот Магреб “. Советот за безбедност на Обединетите нации на 17-ти март ја усвои резолуцијата 1973 со којашто се овозможува воведување зона на забранети летови над Либија и се дава можност на странска воена операција против силите на ал-Гадафи. Во операцијата, која ја го доби кодното име „Зората на Одисеј“, учествуваа воздухопловните сили на Велика Британија, Франција, САД, Канада, Белгија, Италија, Шпанија, Данска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Принцот Вилијам проговори за Кејт Мидлтон: „Жал ми е што не е тука со нас“
При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.
Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.
Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.
„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.
Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.
По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.