Свет
Најмалку 40 загинати во експлозија во фабрика за оружје во Јемен

Најмалку 40 луѓе загинаа, а 90 се повредени во експлозија што денеска се случи во фабрика за оружје во јужниот дел на Јемен, изјави претставник на локалните власти.
Најмалку 40 луѓе загинаа, а 90 се повредени во експлозија што денеска се случи во фабрика за оружје во јужниот дел на Јемен, изјави претставник на локалните власти. Тој за агенцијата Франс прес изјави дека жртвите се цивили кои таму отишле да земат оружје и муниција, еден ден откако припадниците на Ал Каеда ја нападнале фабриката и украле голема количина на муниција.Како што наведува Франс прес, уште не е јасно како дошло до експлозија, а се стравува дека бројот на жртви може да биде голем./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Неаполската мафија вклучена во бизнис со брзата помош, за услугите наплаќале 20 пати повеќе

Криминалната организација „Камора“ во Неапол го регулира и превозот на пациенти и починати со приватни амбуланти возила, се вели во истражување спроведено од тимот на весникот „Фанпејџ“.
Приватна фирма за транспортни услуги на извесен Марко Салвати, со помош на „Камора“, обезбедила монопол за итен превоз на пациенти наплатувајќи ги услугите од десет до 20 пати повеќе од вообичаената цена.
Салвати на една мајка ѝ наплатил 500 евра за пренесување на нејзиниот болен син од куќата до болница, што предизвикало бес кај граѓаните во шпанските населби и тоа било причина весникот да почне сопствена истрага.
Со помош на скриени камери и тајно снимени разговори весникот го открил случајот на т.н. црн крст.
Во државната болница во Неапол, Салвати ја елиминирал конкуренцијата заканувајќи се со оружје, испраќајќи свои луѓе и поткупувајќи го болничкиот персонал, со цел себеси да си обезбеди работа, а весникот го документирал сето тоа.
Компанијата на Салвати спротивно на законот превезувалa починати од болница до домовите (законот дозволува починатиот да биде пренесен само на гробишта), а за таа услуга наплатувала и до 1.500 евра.
На оние што на крајот би одбиле или се побуниле поради високата цена на услугата тој им испраќал луѓе на мафијата за да ги премисли.
Советникот за регионална влада, Емилио Борели, претходно изјави дека станува збор за опасно учество во организиран криминал и го опиша сопственикот на приватниот бизнис, Марко Салвати, како лице што вознемирува и предизвикува проблеми, но дури и тоа не беше доволно за да се запрат неговите постапки.
Регион
Во Србија речиси 3.500 новозаразени од коронавирус, 16 починати

Во последните 24 часа на коронавирус во Србија биле тестирани вкупно 13.286 граѓани, од кои 3.469 биле новозаразени, а 16 пациенти починале.
Во моментот има 164 пациенти на апарати за дишење во болниците во Србија.
Вчера биле тестирани 10.368 граѓани, од кои 2.809 биле новозаразени, а 14 пациенти починале.
Бројот на новоинфицирани лица е сè уште на високо ниво, така што сè повеќе се зборува за ново засилување на епидемиолошките мерки.
Инаку, според последните податоци, на Србија досега ѝ се дадени 1.436.682 дози вакцина против коронавирусот, а 511.999 лица ја примиле втората доза од вакцината.
Денес, во Србија пристигна нов контингент од 58.500 дози вакцина против коронавирус од „Фајзер-Бионтек“.
Европа
Финска прогласи вонредна состојба поради зголемен број инфекции со коронавирус

Финската влада денеска прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на бројот на новозаболени, а овој потег ќе им овозможи на властите да затворат ресторани и да преземат други мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Одлуката е донесена поради новите видови коронавирус, кои го забрзаа ширењето на инфекции во нордиската земја, која веќе ги затвори своите граници, пишува „Ројтерс“.
Вонредната состојба исто така ќе ѝ овозможи на владата да ги затвори училиштата и да го ограничи движењето меѓу регионите.
„Владата смета дека е потребно сите да имаме помалку контакти“, рече премиерката Сана Марин.
„Сега секој има шанса да влијае на тоа како ќе изгледаат пролетта и летото“, додаде таа.
Неколку фински региони забележаа брз раст на нови инфекции во последните две недели. Жешки жаришта беа создадени меѓу скијачите во Лапонија, работниците во бродоградилиштата и градежништвото.
Финска досега беше меѓу најмалку погодените европски земји од пандемијата.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран