Свет
Најмалку 13 загинати во самоубиствен напад во Пакистан

Најмалку 13 Пакистанци денеска загинаа во напад на бомбаш-самоубиец, соопшти полицијата, пренесува Асошиејтед прес.
Најмалку 13 Пакистанци денеска загинаа во напад на бомбаш-самоубиец, соопшти полицијата, пренесува Асошиејтед прес.
Според истиот извор, бомбашот се возел на мотор и експлозивот го активирал покрај луѓе кои чекале да поздрават еден политичар, во близина на полициски контролен пункт во градот Сваби, на околу 70 километри од Исламабад.
Поголем број луѓе од обете страни на патот чекале да го поздрават Маулан Фазлар Рехман, лидер на политичката партија Џамијат Улема Ислам, една од најтврдокорните исламистички партии во земјата.
Засега никој не ја презема одговорноста за бомбашкиот напад. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Хрватска 667 новозаразени со коронавирус, 9 починати

Националниот штаб за цивилна заштита ги објави денешните податоци за новозаразени лица во Хрватска.
Во последните 24 часа евидентирани се 667 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 3.558. Меѓу нив, 740 пациенти се во болница, од кои 69 се на апарати за дишење. Починале 9 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес се забележани вкупно 244.872 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 5,564 починале, 235.750 закрепнале, од кои 422 во последните 24 часа. Во моментов има 14.456 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 1.368.448 лица, од кои 6.965 во последните 24 часа.
Регион
Нов земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди Грција

Нов послаб земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денес го потресе подрачјето на Еласона во грчката област Тесалија, јавува АНА.
Агенцијата наведува дека нов земјотрес е регистриран денес во 11,36 часот, со епицентар на 13 километри југозападно од Еласона и 245 километри северозападно од Атина.
Земјотресот е дел од оној со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди централна Грција, при што беа повредени 11 лица и беа оштетени стотици згради.
Неколку помали земјотреси беа почувствувани синоќа, а најсилниот беше со јачина од 5,2 степени.
Регион
Во Хрватска се појави чешкиoт вид на коронавирус

Институтот „Руѓер Бошковиќ“ потврди дека, покрај бразилскиот, њујоршкиот, британскиот и јужноафриканскиот вид на коронавирус, во Хрватска се појавил и чешкиот.
Кристијан Влаховишек, професор по компјутерска биологија на Факултетот за науки во Загреб, го потврди тоа за порталот ХРТ.
Тој рече дека уште во февруари од 70 примероци, претежно од КБ Дубрава, и во соработка со проф. Вранеш од НЗЈЗ „Д-р Андрија Штампар“ го изолирале чешкиот сој кај 20 проценти од примероците.
„Чешкиот сој е комбинација на мутации од шкотска и британска варијанта на коронавирус. Бидејќи има голем пораст на бројот на заразени луѓе во Чешка и Словачка, тие ја пријавија оваа нова мутација во САРС-CoV-2 виру “, рече проф. Влаховишек.
Тој нагласува дека не се знае многу за заразноста на чешкиот вид, но дека во секој случај треба да се биде внимателен, да се следи растот на овие варијанти на вирусот и да се следат и веднаш да се изолираат заразените лица, пред тие да се прошират во населението.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер