Свет
Пол Ален: Бил Гејтс сакаше да ми ги одземе акциите
Бил Гејтс сакаше да ми ги одземе акциите од Мајкрософт додека се лекував од карцином, ми кажа дека сум мрзелив и дека не работам доволно, вели меѓудругото во интервјуто за „Венити Фер“ коосновачот на Мајкрософт, Пол Ален.
Бил Гејтс сакаше да ми ги одземе акциите од Мајкрософт додека се лекував од карцином, ми кажа дека сум мрзелив и дека не работам доволно, вели меѓудругото во интервјуто за „Венити Фер“ коосновачот на Мајкрософт, Пол Ален.Деталите околу детството, младоста, почетоците со компјутерите ќе ги каже во мемоарите чија што промоција ќе се случи кон крајот на месецот. Малку по малку, пред промоцијата на книгата открива до сега непознати приказни за својот живот и што е уште поважно, за партнерството со до неодамна најбогатиот човек во светот Бил Гејтс.„Првпат заболев од карцином 1982 година. Стоев пред една од канцелариите во Мајкрософт кога го наслушнав разговорот меѓу Гејтс и Стив Балмер, директорот на компанијата. Заклучија дека премалку се вложувам во фирмата, не сум бил продуктивен. Затоа на тој состанок направија план моите акции да ги направат безвредни со издавање на дополнителни акции. Не можев да верувам што слушам. Заедно го создадовме Мајкрософт. Иако болеста ме снеможи и заздравувањето траеше долго и понатаму бев активен и работев колку што можев. Дури и семејството ми имаше забележано дека ги запоставувам бидејќи времето го посветував на лекувањето и работата,“ се вели меѓудругото во мемоарите на Ален. /крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.