Свет
Во земјотресот во Јапонија загинаа 19 странски државјани
Јапонското министерство за надворешни работи ја потврди смртта на 19 странски државјани во катастрофалниот земјотрес од 11-ти март што го погоди североисточното крајбрежје на земјата, пренесе агенцијата Kyodo.
Според информациите од министерството за надворешни работи на Јапонија, меѓу жртвите на природната катастрофа се државјани на Кина, Јужна Кореја, Северна Кореја, Пакистан, Филипини, Канада и САД. Други детали не се обелоденети. Земјотрес со јачина 9,0 случи во Јапонија на 11-ти март предизвикувајќи цунами со височина од повеќе од десет метри. Според Институтот за географија на Јапонија, полуостровот Осика северо-источно од главниот јапонски остров Хоншу од земјотресот се измести 5,3 метри во југо-источна насока и пропадна за 1,2 метри. Според најновите податоци на јапонската полиција, вкупниот број загинати и исчезнати лица надминува 27.600 луѓе. Повеќето од жртвите на несреќата беа пронајдени во префектурата Мијаги – повеќе од седум илјади, во префектирата Ивате повече од три ипол илјади. На листата исчезнати се водат повеќе од 15.500 луѓе. Повеќе од 80 отсто од телата на загинатите се идентификувани а телото секојдневно се предаваат на роднините, се вели во соопштението на јапонската полиција што го цитира агенцијата. Операцијата на пребарување на жртвите или преживеани продолжува којашто е најобемна во историјата на Јапонија, продолжува и натаму.Бројката евакуирани жители кои живеат во прифатилишта изнесува 243.049 луѓе. Според денешната статистика, целосно уништени 19.814 објекти, од кои дури 12.40 објекти се срамнети со земјата само во префектурата Ивате. Во морето се потопени 1.165 илјади домови а целосно се опожарени 148 објекти.Предизвикано од катастрофалниот земјотрес на 11-ти март цунамито коешто го зафати северо-источниот брег на Јапонија во морето повлече 247 бродови, бродчиња и други пловни објекти. Повеќето од уништените од цунамито и повлечени во океанските води пловни средства се мали рибарски бродови и чамци.Разорниот земјотрес предизвика и повеќе несреќи на нуклеарната централа „Фукушима -1“ каде од употреба излезе системот за ладење на реакторите. Како резултат на инциденти во нуклеарната централа беа регистрирани неколку протекувања на радијација, што ги принуди јапонските власти да забранат прелети на авиони во радиус од 30 километри и за истата површина на копното е прогласена целосна евакуација на населението.Последните мерења покажаа во некои региони на Јапонија присуство на радиоактивни елементи, особено изотопи на цезиум и јод, во воздухот, морето и во водата за пиење, како и во некои прехранбени продукти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони кои ќе бидат наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации Хоризонт Европа од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.
Телото на Данка се уште не е пронајдено.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.