Свет
Претседателот на Московската банка побегна од Русија
Претседателот на Московската банка, Павел Бородин итно ја напушти Русија, за да ја избегне кривичната истрага за малверзации при давањето на голем кредит на сопругата на поранешниот градоначалник на Москва, Јелена Батурина, јавува Интерфакс.
Претседателот на Московската банка, Павел Бородин итно ја напушти Русија, за да ја избегне кривичната истрага за малверзации при давањето на голем кредит на сопругата на поранешниот градоначалник на Москва, Јелена Батурина, јавува Интерфакс.
РИА Новости, повикувајќи се на неименувани извори, истакнува дека Бородин веќе се наоѓа во Лондон. Во Московската банка не ја потврдуваат информацијата за бегството на Бородин, наведувајќи само дека од минатата недела се наоѓа на боледување.
Извори од истражните органи за Интерфакс рекле дека против Бородин нема никаква пријава и дека во рамките на тој предмет за малверзациите со кредитот се уште не е поднесена никаква пријава.
Истражните органи, меѓутоа, имаат намера да ги разјаснат сите околности за малверзациите и да ја утврдат улогата на секој од раководителите. Според агенцијата, дури после тоа ќе биде донесена одлука за повикување на кривична одговорност.
Бородин беше сослушан веќе во февруари во рамките на истрагата за давање на кредит на „Премиер Естејт“, ќерка фирма на компанијата „Интеко“ на Јелена Батурина, во износ од 12.77 милијарди рубљи (40 рубљи за едно евро). Според тврдењата на истрагата, овие пари на крајот завршиле на личната сметка на Батурин.
Истражните органи претходно, во рамките на ова дело, извршиле претрес на повеќе фирми, вклучувајќи ги оние во „Интек“ и во Московската банка, во која мнозинство поседува Владата на Москва.
Минатата недела беше соопштено дека истражниот судија за посебно важните предмети при министерството за внатрешни работи поднел барање во еден од московските судови, Бородин и неговиот заменик Бородин и неговиот заменик Дмитриј Акулини да се сменат до функцијата.
Претседателот на другата државна банка Внјештокбанка 24, која има намера да ја купи Московската банка; Михаил Задорнов, на прашањето на новинарите дали Бородин ја напуштил Русија, одговорил „секако“./крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Страшна бура во Пакистан и Авганистан, речиси 140 загинати
Бројот на загинати во невремето во Авганистан и Пакистан во изминатите неколку дена се искачи на најмалку 137, а во некои области се очекуваат нови поројни дождови.
Најмалку 67 лица загинаа во Пакистан, соопшти денеска тамошното тело за управување со катастрофи, поради невообичаено обилен дожд за овој период од годината.
Во јужниот град Карачи е прогласена вонредна состојба. Градот е особено ранлив на бури поради лошата инфраструктура. Во Авганистан 70-ина луѓе загинаа, а 56 се повредени во обилните дождови и поплавите во целата земја. Оштетени се 2.627 куќи, соопшти денеска Националната управа за катастрофи.
Обилните врнежи од снег и дожд во последните месеци во Авганистан предизвикаа многу жртви и повредени по невообичаено топлата зима. Екстремните временски настани, како поплави и суши, се зголемуваат во Авганистан и Пакистан поради климатските промени, предупредуваат метеоролозите.
Погоден од деценискиот конфликт, Авганистан има ограничени опции за ублажување на ефектите од климатските промени.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Свет
Шефот на дипломатијата на ЕУ: Треба да испратиме противракетни системи во Украина
Земјите членки на ЕУ треба да ги испратат своите противракетни системи за зајакнување на воздушната одбрана на Украина додека Русија ги напаѓа нејзините градови, изјави денеска шефот на европската дипломатија предупредувајќи дека Европа не може да се потпира само на Вашингтон кога станува збор за помошта на Киев.
Повеќе од две години по почетокот на руската инвазија Украина се соочува со недостиг на муниција, републиканците во американскиот Конгрес ја блокираат клучната воена помош, а ЕУ не успева да достави доволно муниција навреме.
„Имаме патриоти, имаме противракетни системи. Мораме да ги извадиме од нашите касарни, каде што се за секој случај, и да ги испратиме во Украина, каде што беснее војната“, изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, за новинарите на состанокот на министрите за надворешни работи од земјите членки на групата Г7 на островот Капри.
„Во спротивно, електроенергетскиот систем на Украина ќе биде уништен. И ниедна земја не може да се бори без струја во домовите, во фабриките, за интернетот, за сè“, додаде тој.
Украинската воздушна одбрана е клучно прашање за министрите собрани во Италија откако Германија вчера апелира до Европската Унија и НАТО да направат повеќе за да му помогнат на Киев.
„Сигурен сум дека ќе го направиме тоа, но мораме да го направиме тоа бргу“, рече Борел,ж додавајќи дека жали што внатрешната политика во Соединетите Американски Држави го одложува многу потребниот пакет-помош за Украина во вредност од 60,84 милијарди долари.
„Не можеме да зависиме само од САД. Мораме да ја преземеме сопствената одговорност“, изјави тој.