Свет
Жипе: За Либија е клучно политичкото решение
Франција во четвртокот објави дека Западот мора повеќе да се потруди да пронајде политичко решение за Либија, но и дека сите надворешни фактори мора посилно да ги поддржат бунтовниците кои се борат против Моамер ел-Гадафи.
Франција во четвртокот објави дека Западот мора повеќе да се потруди да пронајде политичко решение за Либија, но и дека сите надворешни фактори мора посилно да ги поддржат бунтовниците кои се борат против Моамер ел-Гадафи.„Гадафи го загуби секој легитимитет, неговата страна се распаѓа и секој ден има се’ повеќе пребегнувања, продолжуваат борбите на неговите сили со бунтовниците, и никој не победува“, изјави францускиот министер за надворешни работи, Ален Жипе. „При ваков нерешен контекст, поважно од кога и да е е да се бара политичко решение, што сега и го правиме“,изјавил шефот на француската дипломатија денеска во своето обраќање пред Сенатот.НАТО раководи со координацијата на воздушните напади кои пред три седмици ги поведе токму Франција, но според се’ судејќи слабо напредуваат обидите за соборување на либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи. Владините сили под опсада го држат градот Мисрата, трет по големина град во Либија.Употребат ана брутална сила од страна на силите лојални на Гадафи против цивилите беше аргументот на Советот за безбедност на Обединетите нации да ја донесе Резолуцијата 1973 со којашто се одобруваат воздушните удари против неговата војска, а НАТО денеска го обвуини либискиот лидер кој е на власт 42 години дека се служи со ткн. „живи штитови“ и така го спречува дејствувањето од воздух./крај/ро./хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.
Свет
Русија ги повлекува војниците од Нагорно Карабах
Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.
Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.
Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно откако Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.
Во првата половина на 1990-тите, Нагорно-Карабах беше во фокусот на меѓуетничката војна по распадот на Советскиот Сојуз, во која и Ерменија и Азербејџан беа федерални единици.
Тој регион тогаш беше под целосна контрола на бунтовничките Ерменци до војната во 2020 година, кога Азербејџан ја врати контролата врз некои од неговите делови. Таа војна заврши со прекин на огнот и распоредување на 2.000 руски војници во деловите на Нагорно-Карабах кои останаа под ерменска контрола.
Свет
Стопирани сите летови на „Алјаска ерлајнс“ во САД
Американската федерална управа за авијација (ФАА) денеска издаде препорака за стопирање на летовите на „Алјаска ерлајнс“, пишува „Ројтерс“.
Не е наведена причината за приземјувањето.
„Си-ен-би-ес“ објави дека системот на авиокомпанијата што се користи за сметање на тежината и рамнотежата за летови не работи правилно.
Алјаска ерлајнс и ФАА не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Како одговор на поплаките од патниците на социјалната мрежа „Икс“, авиокомпанијата соопшти дека работи на тоа што поскоро да ги внесе патниците во авионот.