Контакт

Свет

Бројот загинати во Јапонија надмина 12.800

Објавено пред

Бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес што на 11-ти март го погоди североисточниот дел на Јапонија проследено со цунами и серија бројни и моќни последователни потреси, се зголеми на 12.876, пренесува во саботата јапонската телевизија NHK, цитирајќи го началникот на полицијата

dobivaj vesti na viber

Претходно беше објавено дека официјалната бројка е околу 12.750 жртви. Речиси еден месец по мартовскиот разорен земјотрес со магнитуда од 9.0 степени по Рихтер, на 7-ми април североисточниот дел на Јапонија беше погоден од најсилните афтершокови. Магнитудата за овие два земјотреса кои се случија во четвртотко за нецела минута изнесуваше 7,1.и 7,4 степени по Рихтер. Јапонската полиција којашто е овластена за соопштување на сите официјални податоци, во вкупните податоци за жртвите ги вклучува и жртвите од потресите од 7-ми април, Според овие податоци во последните силни афтерошови загинале 7 лица во регионот на главниот град Токио, а жртви и повредени има и на исток од земјата. Во саботата во шестте  префектурите погодени од земјотресот на 11-ти март и моќното цунами како исчезнати се регистрирани 14.865 луѓе. Така, според најновите податоци на јапонската полиција, вкупниот број загинати и исчезнати лица надминува 27.600 луѓе. Исто така, денеска јапонската полиција соопшти дека бројот лица кои се евакуирани и сместени во приовремените засолништа или останале без дом изнесува 153 илјади лица.Според последните информации од јапонското министерство за надворешни работи кои не се коригирани последната седмица, потврдена е смртта на 19 странски државјани во катастрофалниот земјотрес од 11-ти март. Според информациите од министерството за надворешни работи на Јапонија, меѓу жртвите на природната катастрофа се државјани на Кина, Јужна Кореја, Северна Кореја, Пакистан, Филипини, Канада и САД.Според Институтот за географија на Јапонија, полуостровот Осика северо-источно од главниот јапонски остров Хоншу од земјотресот се измести 5,3 метри во југо-источна насока и пропадна за 1,2 метри.Целосно уништени 19.814 објекти, од кои дури 12.400 објекти се срамнети со земјата само во префектурата Ивате. Во морето се потопени 1.165 илјади домови а целосно се опожарени 148 објекти.Предизвикано од катастрофалниот земјотрес на 11-ти март цунамито коешто го зафати северо-источниот брег на Јапонија во морето повлече 247 бродови, бродчиња и други пловни објекти. Повеќето од уништените од цунамито и повлечени во океанските води пловни средства се мали рибарски бродови и чамци.Разорниот земјотрес предизвика и повеќе несреќи на нуклеарната централа „Фукушима -1“ каде од употреба излезе системот за ладење на реакторите. Како резултат на инциденти во нуклеарната централа беа регистрирани неколку протекувања на радијација, што ги принуди јапонските власти да забранат прелети на авиони во радиус од 30 километри и за истата површина на копното е прогласена целосна евакуација на населението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

„Не прифаќаме сочувство, се уште не сме го виделе детето“, прво огласување на родителите на Данка откако беше соопштено дека е убиена

Објавено пред

Мајката и таткото на Данка Илиќ, Ивана и Милош, првпат разговараа заедно за кобниот 26 март кога ја загубија ќерката. Тие едвај зборуваа за денот кога нивното дете исчезнало. Прво проговори таткото на Данка, а потоа се приклучи и нејзината мајка, која очигледно е на мислење дека не сака никој да и изразува сочувство бидејќи длабоко во себе верува дека нејзината ќерка е жива, објавија српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

– Поради се што е кажано за нас и дека сме клеветени на најлош можен начин, ние двајца како родители кажавме дека јавно ќе зборуваме кога ќе се реши случајот, односно кога ќе ја дознаеме целата вистината за исчезнувањето на нашата ќерка Данка, изјави Милош Илиќ за Република.

Ивана и Милош раскажаа како нивниот среќен живот веднаш се претворил во кошмар од кој велат дека никогаш не излегуваат.

– Што мислите, како ни оди?! Како се нашите души и срца?! Како сме без дете? Како се чувствуваме кога синот ќе не праша каде е сестра му, кога ќе каже: „Мамо, каде е Данка?“, а таа ја нема, праша мајката.

На прашањето да опишат како исчезна Данка и која е вистината за нејзиното исчезнување, родителите рекле дека „се е лага“, освен што многу луѓе го барале девојчето.

-Ивана е добра мајка, а јас добар татко, но… до вистината се уште не е стигнато. Монструмите се уапсени, но…, Милош остана нејасен.

Ивана и Милош истакнаа дека не прифаќаат сочувство од околината, иако се облечени во црно од денот кога полицијата соопшти дека се оствариле најстрашните сомнежи и дека Данка била удрена од службено возило од двајца работници на јавното комунално претпријатие „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ и фрлена во возилото и дека кога подоцна заплакала, наместо да и помогнат, ја убиле.

„Не прифаќаме кога ни изразуваат сочувство, да ги замолиме да не го прават тоа затоа што се уште не сме ја виделе ќерката. Останува уште таа една трошка надеж дека ќе се врати жива. Сакам да нагласам дека не палевме свеќи поради најлошото, туку да и го осветлиме патот за враќање“, рече мајката.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Вучиќ во Мостар се налути поради прашање за Сребреница: Не прекинувајте ме, проблемот е во тоа што измислувате

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ е во Мостар, каде што го посети тамошниот економски саем.

dobivaj vesti na viber

„Не е вистина, не измислувајте. Утврдено е дека Србија во никој случај не е одговорна за геноцидот, само да се има предвид. Не доведувајте го во заблуда народот како што вие ги мамите луѓето во Сараево дека сум носел снајперист и сум пукал во некого. Не прекинувајте ме“, му се обрати Вучиќ на новинарот.

„Проблемот е што постојано измислувате што вие во Сараево не можете да се држите до фактите, мора да измислите нешто“, продолжи тој.

„А да ме сослушате мене“, повторно се обрати Вучиќ кон новинарот.

Додик се приклучи велејќи дека повеќе Срби биле убиени во Сараево за време на опсадата отколку што биле убиени во Сребреница.

„Но, за Србите не постои правда“, рече Додик.

„Во Сребреница секако е извршено страшно злосторство. Не беше проблем некој да дојде да покаже жалење. Ве молам, не измислувајте работи“, додаде Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

По Бил Клинтон и Тони Блер добива статуа во Косово

Објавено пред

Статуа на пораншниот британски премиер, Тони Блер, во природна големина ќе биде поставена во Косово.

dobivaj vesti na viber

Статуаата е изработена од косовскиот скулптор Агон Ќоса, кој како и другите етнички Албанци од Косово верува дека тој одиграл водечка улога за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година, пишува „Индекс“.

Дваесет и пет години подоцна, Ќоса ја комплетира глинената статуа на Блер во природна големина, која подоцна ќе биде излеана во бронза и поставена на 12 јуни во Урошевац на булеварот што ќе го носи неговото име. Датумот е симболичен и го означува крајот на војната во Косово во 1998-1999 година, се додава.

„Решив да имам статуа на Блер во нашиот град и сакав да го претставам среќен“, изјави претходно Ќоса, додека работеше на статуата на која Блер е прикажан во костум и насмеан.

Според податоците на Државниот завод за статистика, повеќе од 10 лица на Косово имаат имиња како Тониблер, Тони или Блер, напишани според локалниот изговор.

Кога Тониблер Гаши се родил две години по завршувањето на војната, неговиот татко не се сомневал да го именува своето првороденче по Блер.

Гаши, кој сега има 22 години, имал девет години кога во Приштина го запознал поранешниот премиер.

„Како да сум сретнал пророк за нашиот народ… тој ми ја подаде раката, а јас тогаш се чувствував одлично“, раскажува тој.

Покрај поранешниот британски премиер, својата статуа во Приштина, главниот град на Косово, ја доби и Бил Клинтон, кој беше американски претседател во времето на бомбардирањето на НАТО.

Блер е повикан да присуствува на настанот, но засега не одговорил дали ќе допатува.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија4 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија5 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија5 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет5 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет6 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија6 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион7 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет8 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет8 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион8 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија17 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија18 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...