Свет
Кина бара од САД да не лицемери за човековите права
Кина им порача на САД да престанат да „држи лекции за човековите права“, откако Стејт департментот го објави годишниот извештај за состојбата за човековите права во светот, во кој се критикува Кина за состојбите во земјата во оваа сфера
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Хонг Леи изјави дека САД треба да се концентрира на почитување на човековите права во својата земја и да престане да се меша во работите на другите земји, пренесуваат светските медиуми.Тој додаде дека Кина е подготвена да зборува за правата „врз основа на еднаквост и взаемно почитување“, но дека Пекинг е против мешањето во нејзините внатрешни работи.„Советуваме дека САД треба да подзапре со своите почитувања на човековите права, а не да се претставува како проповедник за човекови права“ – рече Леи.Според него, Вашингтон треба да прекине да го користи прашањето за човековите права чија цел е мешање во внатрешните работи на другите земји.Во извештајот за состојбата на човековите права во Кина, Стејт департментот изразува загриженост поради неодамнешното апсење на уметникот Аи Веивеиј, големиот критичар на Владата.Во извештајот исто така се обвинува Пекинг дека ја засилува контролата над адвокатите, активистите, интернет блогерите и новинарите. Властите во Кина се обвинети дека ја засилиле контролата врз граѓанското општество, медиумите, како и пристапноста кон интернетот.Во извештајот се наведува дека во Кина е зголемен бројот на исчезнатите, домашните притвори, затварањето во „нелегални црни затвори“ во кои се казнуваат активистите и нивните семејства.Стејт Департментот во својот извештај ги издвојува уште и Ирак, Иран, Бурма, Северна Кореја, Зимбамбве, Украина, Русија и Белорусија, како земји во кои се забележани случаи на тешко кршење на човековите права
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони кои ќе бидат наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации Хоризонт Европа од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.
Телото на Данка се уште не е пронајдено.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.