Свет
Ранети пет лица во етнички судир во Сирија
Правоените сили на сирискиот претседател, Башар ал-Асад денеска пукале во група на луѓе стражареле пред џамијата во градот Баинас, изјавија очевидци.
Правоените сили на сирискиот претседател, Башар ал-Асад денеска пукале во група на луѓе стражареле пред џамијата во градот Баинас, изјавија очевидци. Инцидентот се случи додека во овој крајбрежен град со мнозинско сунитско население растат етничките тензии. На луѓето кои за време на утринската молитва ја обезбедувале џамијата Абу Бакр ал-Сидик било пукано од автоматско оружје. Во нападот биле ранети пет лица. Во градот Баинас во текот на ноќта биле распоредени неколку тенкови. Сирискиот режим предводен од претседателот Асад веќе неколку недели го тресат продемократски протести, организирани по урнек на оние во Тунис и Египет. Центар на протестите е градот Дера кој се наоѓа на 200 километри јужно од главниот град Дамаск. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.