Свет
Повеќе од илјада Египќани протестираат на плоштадот Тахрир
Повеќе од илјада Египќани продолжија и денес да протестираат во Каиро на плоштадот Тахрир, бидејќи тука ја поминале ноќта, барајќи и понатаму од власта да ги предаде цивилите, како и маршалот Хусеин Тантави да си замине од позицијата на владеачкиот воен совет.
Повеќе од илјада Египќани продолжија и денес да протестираат во Каиро на плоштадот Тахрир, бидејќи тука ја поминале ноќта, барајќи и понатаму од власта да ги предаде цивилите, како и маршалот Хусеин Тантави да си замине од позицијата на владеачкиот воен совет.Демонстрантите кои го блокираа плоштадот со изгорени воени камиони, бодликава жица и снопови, извикуваа слогани против Тантави кој управува со земјата од кога Хосни Мубарак во февруари поднесе оставка, по масовните улични демонстрации.„Граѓаните бараат заминување на маршалот“, извикувале демонстраните кои минатата ноќ ја поминале во исчекување, војската да го исполни предупредувањето дека со сила ќе го наметне полицискиот час. Војската која вчера во немирите со демонстрантите, во кои според болничките извори животот го загубиле две лица, овој пат не интервенирала, пренесува АФП.Војската имаше голема поддршка кога ја презеде власта на 11 февруари, но протестите продолжија и се почесто се бара од воениот совет да ги почитува ветените реформи и да ја изврши правдата врз поранешните припадници на режимот.Мубарак и неговото семејство се наоѓаат во претседателската палата на Црвено море во Шарлм ел Шеик, забрането им е да ја напуштат земјата и сите сметки им се замрзнати./крај/блиц/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.