Свет
Уапсен еден од лидерите на мексиканскиот нарко-картел Зетас
Мексиканската морнарица соопшти дека го фатила осомничениот лидер на озлогласениот нарко-картел „Зетас“, кој е наводно виновен за убиството на повеќе од 100 луѓе во североисточно Мексико
Мартин Омаар Естрада Луна, за кого се верува дека е локален лидер на бандата, бил фатен вчера. Тој е обвинет дека го организирал убивањето на 145 луѓе во Тамаулипас во близина на границата со САД.Остатоците на убиените беа откриени на почетокот на месецов во масовна гробница. Во соопштението на морнарицата се вели дека Естрада Луна, таканаречен „Ел Кило“ е исто така првоосомничен за масакрот на 72 имигранти од Централна и Јужна Америка минатиот август, исто така во провинцијата Тамаулипас. Заедно со него, морнарицата фатила и уште петмина осомничени членови на бандата.Во јануари беше уапсен 35-годишниот Флавио Мендез Сантијаго, попознат под по прекарот „Жолтиот“, исто така еден од лидерите на Лос Зетас, за кого мексиканските власти ветија награда од 1,2 милиони долари. Тој е обвинет за убиство, трговија со дрога, киднапирања и ред други злосторства. Структурата на нарко картелот Лос Зетас главно ја сочинуваат поранешни воени и полициски службеници и припадници на специјалните единици кои биле отпуштени од работа за различни дисциплински прекршоци и е познат по особено суровата пресметка со противниците.Серијата киднапирања на патници од автобусите крена узбуна кај мексиканските власти. Од 1-ви април до сега властите само во гратчето Сан Фернандо пронајдоа 20 масовни гробници. Според официјалните податоци, во изминатите четири години во Мексико биле убиени повеќе од 34 илјади луѓе, главно во насилства поврзани со трговија на дрога.Откако во 2006 г. на власт дојде претседателот Фелипе Калдерон, тој им објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата. Меѓутоа, имајќи ја предвид раширената корупција меѓу владините и полициските службеници, тој беше принуден да ја ангажира и војската, која во борбата против картелите учествтва со 50 илјади свои припадници од разни родови.Според оцените на експертите, секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесуваат наркотици во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. Големата заработка и близината на богатиот американски пазар се причината за крвавите судири меѓу нарко картелите кои сакаат да имаат превласт врз шверцерските канали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повеќе од 130 лица беа приведени во Њујорк по антиизраелските студентски демонстрации
Повеќе од 130 лица се приведени во текот на ноќта во Њујорк пред просториите на Универзитетот NYU, по пропалестинските студентски демонстрации, соопшти вечерва полицијата.
Њујоршката полиција за Франс прес прецизира дека сите приведени лица, од кои точно 133, потоа биле ослободени.
Полицијата додаде дека добила покана од администрацијата на Универзитетот во Њујорк да интервенира и да ги евакуира демонстрантите.
„Доколку одбијат да заминат, бараме од NYPD да преземе мерки, вклучително и апсење доколку е потребно“, се вели во писмото на Универзитетот до полицијата.
Студентите во САД во последниве денови организираа демонстрации и митинзи за ставање крај на војната во Појасот Газа.
Околу 100 пропалестински студенти веќе беа уапсени минатата недела на Универзитетот Колумбија, исто така во Њујорк. И во тој случај управата на универзитетот побарала интервенција на полицијата.
Неколку јавни личности, вклучително и претставници на американскиот Конгрес, оценија дека тие студентски собири поттикнуваат антисемитизам.
Свет
Хезболах го нападна северниот дел на Израел со беспилотни летала
ЛибанскиХезболах соопшти дека извршил напад со беспилотни летала врз израелските воени бази северно од градот Акра, во најдлабокиот напад на израелска територија од почетокот на војната во Газа.
Израелската војска соопшти дека нема сознанија за некој од нејзините објекти погодени од Хезболах, но претходно соопшти дека пресретнала две „воздушни цели“ во близина на северниот брег на Израел.
Двете страни редовно разменуваат ракетни и воздушни напади од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, но се воздржуваат од отворена војна. Сепак, со оглед на честите напади, постојат стравувања дека несреќа или погрешна проценка на која било страна може да доведе до брза ескалација на конфликтот, како и до потенцијално вклучување на други регионални и светски сили, вклучително и САД.
Хезболах вели дека нападот е одмазда за претходниот израелски напад во кој загина еден од нивните борци. Групата објави сателитска снимка со локацијата на нападот на половина пат помеѓу Акра и Нахарија на север. На едно видео е видливо и како израелската воздушна одбрана ги пресретнува беспилотните летала.
Израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони одговориле со гаѓање воени цели во областа Маркаб во јужен Либан.
Најмалку две лица загинаа, а уште шест се повредени откако израелски воздушен напад погоди станбена област во јужниот либански град Ханин, објави во вторникот официјалната либанска новинска агенција NNA.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.