Контакт

Свет

Либиските бунтовници се повлекуваат на исток

Објавено пред

Силите на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи во неделата се пред Аџдабија, потиснувајќи ги на исток бунтовниците кои сепак зачувале некои позиции во градот а даваат отпор и во опколената Мисрата

dobivaj vesti na viber

Со поддршка на воздушните удари на НАТО, претходните денови бунтовниците напредуваа 40 километри кон Брага на исток, 80 километри западно од Аџдабија. Но веќе во недеалата наутро силнитге напади врз западниот приод на стратешки важниот град Аџдабија, ги принудија на бекство во самиот град стотиците бунтовници и жители, јавува дописникот на AFP според чии процени, силите на полковникот Моамер ел-Гадафи, најверојатно се на 20 километри од градот. Според последните информации од неделата навечер, војниците на Гадафи сопреле со канонадите по што бунтовниците во градот се разместиле по главните сообраќајници поставувајќи барикади доколку либиската армија реши повторно да нападне и да се обиде да се пробие во Аџдабија. Во неделата во ракетирањето на бунтовничките позиции кои се на половина пат меѓу Брега и Аџдабија загинале осум лица, а 27 биле ранети.Во Мисрата, којашто е единствениот град што бунтовниците го држат во западниот дел од земјата, загинале 16 луѓе а 71 се ранети, соопштиле болнички извори. Борбите во неделата попладне продолжиле во Мисрата со уште поголем интензитет. Бунтовниците соопштија дека во текот на минатата ноќ ги заземале позициите на војската на Гадафи.Агенциите наведуваат дека во Мисрата либиската армија ги користи забранетите од 2010 г. касетни бомби, но режимот на Гадафи тоа го негира.Позападно, режимските сили ја бомбардираа околината на градот Налут, десетина километри од границата со Тунис.  Жителите на Налут претходно во колони се упатиле кон градот Зентен, 120 километри поисточно барајќи засилување во пружањето отпор, сведочејќи за жестоки борби. Силите на Гадафи се обидуваат да ја заземат должината на границата, којашто инаку е официјално затворена од двете страни, но сепак на некои места има преминувања и според режимот внесување оружје. Во саботата околу три илјади Либијци избегаа во западните планини во настојувањето да дојдат до Тунис, соопшти Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) на Обединетите нации. Францускиот министер за одбрана, Жерар Лонже во неделата оцени дека постои „извесна опасност за продолжување“ на судирите во Либија, бидејќи либискиот лидер и неговата земја „не се сосема предвидливи“. Претседателот на Европската унија, Херман ван Ропмуј, изјави дека „треба да се продолжи со воениот притисок“ врз Либија потврдувајќи дека заминувањето на Моамер ел-Гадафи е „главната задача“ на коалицијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Објавено пред

Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.

dobivaj vesti na viber

Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.

Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.

Прикажи повеќе...

Регион

Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница

Објавено пред

Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.

Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.

Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.

Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.

„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Објавено пред

Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал ​​Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.

Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ32 минути

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија3 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија4 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија4 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија4 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија5 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија15 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија16 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија16 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија17 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија18 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија19 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија19 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија19 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија20 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...