Свет
Франција и Италија праќаат офицери во Либија
Франција и Италија најавија денес дека ќе праќаат свои офицери во Либија за да му помогнат на опозицискиот Преоден национален совет, а ден претходно слична најава имаше и Велика Британија.
Франција и Италија најавија денес дека ќе праќаат свои офицери во Либија за да му помогнат на опозицискиот Преоден национален совет, а ден претходно слична најава имаше и Велика Британија.
Италијанскиот министер за одбрана Инасио Ла Руса рече дека 10 воени инструктори ќе заминат во Либија за да ги обучуваат либиските бунтовници, пренесе Франс прес.
Франција соопшти дека во Либија испратила офецири за врски кои ќе го советуваат раководството на опозицијата.
Францускиот претседател Николас Саркози денеска има средба со првиот човек на Преодниот национален совет, Мустафа Абделџалил со кој ќе разговара за моменталната состојба во Либија, еден месец по воздушните напади на Либија.
Велика Британија вчера најави дека ќе прати 20 британски офицери кои ќе ја советуваат либиската опозиција.
Најавите за праќање на офицери во Бенгази, следуваат по повикот на либиската опозиција до западните земји, да интервенираат на копното.
Шефот на француската дипломатија Ален Жипе, вчера рече дека апсолутно е против копнена воена интервенција во Либија./крај/фп/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.