Свет
Лукашенко: Извршителите од метрото во Минск планирале и други напади
Белоруските власти спречиле неколку терористички напади, кои ги подготвувале поставувачите на бомбата во метрото во Минск, изјави денеска претседателот Александар Лукашенко
На 11-ти април во времето на сообраќајниот метеж на станицата „Октобарскаја“ во подземната железница на белоруската престолнина Минск експлодираше подметната експлозивна направа при што загинаа 13 лица, а беа повредени повеќе од 190 лица. Во болниците, се’ уште се хоспитализирани повеќе од стотина повредени. Главниот обвинител на Белорусија го квалификуваше инцидентот како терористички чин. Белоруските власти следните денови објавија дека во врска со инцидентот се уапсени пет лица. Иследниците веруваат дека еден од нив е и извршител на нападот. „За наша среќа, со апсењето на овие подлеци спречивме неколку слични случаи“, изјавил по средбата со претставници на безбедносните служби посветена на најновите сознанија за текот на истрагата за експлозијата на 11-ти април, пренесува агенцијата БелТА. Според него, истрагата потврдила дека се спречени неколку терористички напади. Лукашенко, исто така, рекол дека се’ уште нема одговор на прашањето на за соучесници или помагатели во терористичкиот чин, доколку ги има. Во четвртокот, Лукашенко во своето обраќање до нацијата и пред парламентарците рече дека во текот на истрагата за терористичкиот напад во минското метрото не се откриени „никакви правци кои водат до криминални, организирани банди или политички групи“. Лукашенко во своето обраќање истакна дека ситуацијата би можела да биде посложена, имајќи го предвид фактот дека кај осомничен за нападот во метрото, биле откриени уште најмалку три експлозивни направи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.