Свет
Во Белгија протест против забраната за пушење
Сопствениците на белгиските локали во сабота спроведуваат масовни протести против забраната за целосно пушење цигари во локалите коишто треба да стапи на сила 1 јули оваа година.
Сопствениците на белгиските локали во сабота спроведуваат масовни протести против забраната за целосно пушење цигари во локалите коишто треба да стапи на сила 1 јули оваа година. Од 1 јануари 2007 година во Белгија на сила е забраната за пушење во рестораните а од јануари 2010 година на тоа беше додадена и одлуката за воведување на забраната за пушење во кафулиња во кои покрај пијалаци може да се нарачаат и оброци. Така со новите мерки, сега пушењето ќе биде забрането без исклучок во сите белгиски кафулиња. Како што тврдат сопствениците, овој чекор ќе доведе до пад на нивните приходи од 30 до 50 отсто, и затоа тие бараат властите да им дадат право самите да решаваат дали нивните локали ќе бидат пријавени како објекти за непушачи или во кои е дозволено пушењето. Организаторите на оваа акција, соопштија дека на протестот во Брисел се очекуваат да присуствуаат меѓу пет и десет илјади сопственици на кафетерии во Белгија. Во Белгија има регистрирано околу 12 илјади кафулиња./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.