Свет
Две експлозии на железницата во Дагестан
Три експлозивни направи биле откриени на железницата во Дагестан, на местото каде што во сабота наутро се случи експлозија, пренесува РИА Новости повикувајќи се на линиската управа за внатрешен транспорт на оваа кавкаска руска република.
Три експлозивни направи биле откриени на железницата во Дагестан, на местото каде што во сабота наутро се случи експлозија, пренесува РИА Новости повикувајќи се на линиската управа за внатрешен транспорт на оваа кавкаска руска република. „Во близина на оштетената железничка пруга, каде што во сабота наутро имаше експлозија, беа пронајдени сомнителни жици. При разгледување на сомнителната направа со далечински управуван робот се случи уште една експлозија. Притоа оштетени се и роботот и железничката пруга. По натамошно испитување на железничкиот дел беа откриени уште две експлозивни направи, кои беа неутрализирани“, изјавил соговорникот на агенцијата. Според него, на теренот продолжува работата на припадниците на антитерористичките единици за деминирање, додека екипите за ремонт на железничката линија се’ уште не може да почнат со работа поради сомневањата дека се поставени уште експлозивни направи. Првата експлозија се случи утринава на патот на оклопен воз. Инцидентот се случи околу 6 часот по московско време (4 часот по македонско време) на железничката линија Кизилјурт – Темирго. Во експлозијата беа оштетени два вагона за спиење, но нема пријавени жртви и повредени./крај/рн/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.