Свет
Северната лига против италијанската мисија во Либија
Северната лига која е коалиционен партнер на италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска изрази сомневања во ефектот од воздушните напади врз Либија и така повторното ја подигна тензијата којашто по ова прашање владее во италијанската влада.
Северната лига која е коалиционен партнер на италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска изрази сомневања во ефектот од воздушните напади врз Либија и така повторното ја подигна тензијата којашто по ова прашање владее во италијанската влада. Италија се приклучи на операцијата на НАТО против режимот на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи, инаку претходно многу близок на италијанскиот премиер Силвио Берлускони и се согласи на своите воени воздухоплови да отвораат оган врз воени цели во Либија, откако првобитно нивната мисија беше ограничена на извидување и надгледување.Но оваа одлука што Берлускони ја донесе по телефонскиот разговор со американскиот претседател Барак Обама не наиде на разбирање кај Северната лига која се спротиставува на оваа операција и нејзините пратеници беа воздржувани при гласањето на оваа одлука кога италијанскиот парламент ја одобри. „Не сфаќаме како таква одлука, којашто е оспорена во владата, може само така да се донесе, без советување со кого и да е“, изјави за новинарите во Милано, министерот за внатрешни работи Роберто Марони, кој е висок партиски функционер на Северната лига. Според него, дозволувањето осум италијански воени авиони да смеат да употребат сила е „погрешна одлука’.„Не смееме од денес за утре да го менуваме мислењето“, дополни Марони.Берлускони во вторникот изјави дека италијанските воздушни удари ќе бидат ограничени на јасни воени цели и нема да ги загрозуваат цивили./крај/ро.сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.