Свет
Најмалку 24 загинати во Сирија
Најмалку 24 цивили, вклучувајќи и две деца, се убиени денеска во нападите на сириските безбедносни сили врз демонстранти, соопшти сириската организација за заштита на човековите права Савасиах
Луѓе биле убиени во Дера, Хомс и Латакија, како и во Кадама, во близина на Дамаск, наведува организацијата.Според болнички извори, најмалку 15 луѓе загинале, а 38 се повредени во судирите кај Дера’а, каде што сириските сили отвориле оган врз илјадниците демонстранти кои се обиделе да влезат во опколениот град, центар на бунтот против претседателот Башар ал-Асад.Демонстрантите во Дара’а изминативе седмици извикуваат слогани против Мохар Асад, братот на претседателот, кој е командант на елитната Револуционерна гарда. Тие го повикуваат Мохар да не пука на демонстрантите, туку со своите трупи да ја ослободи висорамнината Голан, која Израел и ја одзема на Сирија во војната во 1967 г.Дара’а е центар на земјоделски регион кој тешко настрада во изминативе неколку години поради се поголемиот недостиг од вода. Исто така, во регионот се пребегнати голем број на жители од источна Сирија, каде што сосема снема вода за пиење и наводнување.Во Дамаск силите на редот приведоа повеќе десетици демонстранти, кои учествувале во кусите демонстрации. Во градот Хамс, се собраа повеќе стотици демонстранти, кои извикувале „ѕвони ѕвоното на слободата“, слоган кој се користеше при сите демонстрации на Блискиот исток. Во Хамс во 1982 г. сириските сили за безбедност задушија исламистичко востание, при што беа убиени илјадници луѓе.Протестите во Сирија продолжуваат и покрај ветувањето на владата дека ќе изврши итни економски и политички реформи во земјата. Пакетот мерки усвоен од страна на владејачката партија Баас вклучува итно укинување на законите за политички партии и за медиуми, со кои треба да се обезбеди поголема слобода на изразувањето во Сирија. Прифатените решенија, исто така, предвидуваат построга анти-корупциска политика, зголемување на платите на државните службеници, како и создавање нови работни места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.