Свет
Пакистанците протестираат против убиството на бин Ладен
Околу илјада демонстранти се собраа во понеделникотво градот Квета во јужниот дел на Пакистан во знак на протест против акцијата на американските специјалци во која беше убиен Осама бин Ладен, јавува Agence France-Presse
Како што јавува дописникот на агенцијата, на улиците на градот излегле меѓу 800 и илјада луѓе кои викаат анти-американски слогани, како „Смрт за Америка!“. Притоа демонстрантите го запалиле американското знаме. Според агенцијата, претходно исламистите во Пакистан го повикаа населението да излезе на протест. „Бин Ладен е херој на муслиманскиот свет и со неговото страдање (смрт) нема да се стави крај на движењето (Ал Каеда)“, ги цитира агенцијата зборовите на еден од исламистите. Квета е главен административен град на покраината Балучистан. Лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, беше убиен ноќта спроти понеделникот кога припадници на специјалните сили на американската армија извршија напад врз добро утврдена голема куќа во близина на градот Аботабад, во близина на пакистанскиот главен град на Исламабад. Ликвидирањето на првиот човек на светската терористичка мрежа го потврди и американскиот претседател Барак Обама, како и од пакистанските власти. Според американските медиуми кои се повикуваат на разузнавачки извори, телото на бин Ладен било идентификувано од неименуван жена за која се претпоставува дека е негова сопруга, а идентифакцијата на убиениот била потврдена и со ДНК анализа. Телото на бин Ладен, според американските медиуми, било погребано во морето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.