Свет
Спасувачки брод со 800 бегалци ја напушти Мисрата
Спасувачки брод денеска под дожд од гранати успеал да исплови од пристаништето Мисрата со 800 беглаци, меѓу кои има и новинари и ранети но поради нужното итно испловување оставил неколку стотици луѓе кои бегаат пред борбите.
Спасувачки брод денеска под дожд од гранати успеал да исплови од пристаништето Мисрата со 800 беглаци, меѓу кои има и новинари и ранети но поради нужното итно испловување оставил неколку стотици луѓе кои бегаат пред борбите.Бродот „Ред стар уан“ испловил кон Бенгази во шестата спасувачка мисија на Меѓународната организација за миграција (IOM) од Мисрата. Бродот заради жестоките гранатирања и мините мораше да чека пет дена за да може да вплови во пристаништето.„Водачот на мисијата на ОИМ на бродот, Отман Белбеиси рече дека на бродот се обиделе да се качат уште стотици либиски цивили, но поради ограничувањето на просторот бродските скалила мораа да бидат спуштени за да може бродот сигурно да исплови“, вели организацијата во соопштение што го цитира Ројтес.На бродот успеале да се качат 700 бегалци, околу 20 новинари и 50-ина ранети цивили со нивните семејства. Досега ИОМ од Мисрата успеа да извлече околу шест илјади луѓе, а овојпат се надеваа дека бродот ќе може да понесе илјада беглаци, но за евакуација на цивилите имале помалку од еден час.„Сторивме се’ што можевме и во многу кусо време ги земавме сите што можевме, вклучувајќи ги и жените и децата чии најблиски се ранети“, рекол Велеиси. Мисрата е последниот голем град во западна Либија кој се’ уште е под контрола на бунтовниците но и под долга жестока опсада од силите лојални на полковникот Моамер ел-Гадафи./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија, економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување на надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот Феникс.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за Билд изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
– Наместо таксата за претходна пракса од десет евра по посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра по посета на лекар. Исклучок треба да биде земање рецепти, рече Аугурски, пренесува магазинот Феникс.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
– Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно, изјави Грес за Билд.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.
Свет
Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината
Кинеската вселенска агенција ги прави последните подготовки за испраќање на екипажот Шенжу-18 во ниската орбита на Земјата, како дел од нејзината вселенска програма која има за цел да испрати луѓе на Месечината до 2030 година.
Кинеската вселенска агенција за екипаж (CMSA) на денешната прес-конференција претстави тројца астронаути, командант Је Гуангфу, кој беше дел од мисијата Шенжу-13 2021, Ли Конг и Ли Гуангсу, кои за прв пат ќе одат во вселената, пренесува CRI. .
Вселенското летало со тројца луѓе се очекува да полета во четврток во 20:59 часот по локално време од центарот за лансирање на сателити Џиукван во пустината Гоби во северозападна Кина.