Свет
Шестмина загинати во пожар во Русија
Шест лица загинаа, а 40 се ранети во пожар кој избувна во продавница која се наоѓа во осумкатна зграда во рускиот град Самара, јавува агенцијата Итар-Тас, повикувајќи се на регионалниот центар на Министерството за вонредни состојби.
Шест лица загинаа, а 40 се ранети во пожар кој избувна во продавница која се наоѓа во осумкатна зграда во рускиот град Самара, јавува агенцијата Итар-Тас, повикувајќи се на регионалниот центар на Министерството за вонредни состојби.Според прес службата на центарот, во пожарот загинале пет жени и еден маж, додека две лица со тешки повреди се наоѓаат на реанимација. Агенцијата наведува дека девет лица се примени на лекување, меѓу кои и едно дете. Пожарот во меѓувреме е згаснат, наведува агенцијата, додавајќи дека пламенот зафатил површина од 2.500 метри квадратни на продавницата Кооператор и станбената зграда. По избувнувањето на пожарот вкупно биле евакуирани 86 лица. крај/ит/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.