Свет
Сириските власти го уапсија лидерот на опозицијата
Сирискиот власти во петокот го уапсија лидерот на опозицијата Риад Сеиф за време на анти-владините демонстрации во квартот Мидан во престолнината Дамаск, пренесува Reuters кој ја цитира изјавата ќерката на опозицискиот водач Жумана Сеиф.
Сирискиот власти во петокот го уапсија лидерот на опозицијата Риад Сеиф за време на анти-владините демонстрации во квартот Мидан во престолнината Дамаск, пренесува Reuters кој ја цитира изјавата ќерката на опозицискиот водач Жумана Сеиф. Протестите со кои се бараат демократски реформи во Сирија започнаа во средината на март. Армијата и безбедносните сили на Сирија вршат постојан притисок врз демонстрантите растурајќи ги нивните митинзи низ градовите на земјата. Во петоците инаку се одржуваат најмасивните демонстрации на опозицијата. Шеесет и четиригодишниот Риад Сеиф е политички дисидент, поранешен член на сирискиот парламент и влијателен бизнисмен. Во 2001 г., Сеиф ја објави својата намера да создаде политичка партија спротиставена на Партијата на арапското социјалистичко возраѓање (БААС). Оттогаш повеќепати го апсеа Сеиф, обвинувајќи го за „наштетување на имиџот на Сирија и ширење лажни информации“. Последен пат овој опозициски водач беше ослободен во 2010 г. „Татко ми и уште неколку други демонстранти беа уапсени, фрлени во еден автобус во близина на Ал-Хасан“, ја цитира агенцијата ќерката на водачот на сириската опозиција. Масовни демонстрации во Сирија започна во областа Дера’a. директен повод за тоа беше апсењето група ученици кои по ѕидовите испишувале анти-владини пароли. Нивните сограѓани масовно излегоа на улиците барајќи ослободување на момчињата. Подоцна, на протестот се прошири на уште неколку други региони на земјата, а особено беа масовни во градовите Латакија, Банијас, Хомс и Хама, како и во некои предградија на главниот град Дамаск. За време на судирите на демонстрантите со полицијата во Сирија, според опозицијата, загинале повеќе од 500 луѓе. Според официјалните податоци на сириските власти, пак, од почетокот „на насилството предизвикано од платеници против безбедноста на граѓаните и татковината“, загинале 70 цивили и 80 војници и полицајци. Протести на опозицијата во Сирија продолжуваат и покрај владината амбициозна програма за реформи, покажана особено со укинувањето на вонредната состојба којашто беше воведена уште во 1963 г. што беше едно од главните барања на опозицијата. Во блиска иднина се очекува да бидат укинати и уставните одредби според кои владејачката Баас партија е „владејачка и водечка сила во општеството“. Сирисктие власти за речиси двомесечните демонстрации и немири во земјата ги обвини „вооружентие бандити“ поддржани од „надворешни сили“./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
СЗО: Зголемен е ризикот од птичји грип да премине кај луѓето, многу сме загрижени
Светската здравствена организација изрази загриженост поради ширењето на птичјиот грип Х5Н1, кој има „исклучително висока“ стапка на смртност кај луѓето. Избувнувањето што започна во 2020 година досега уби десетици милиони живина, а неодамнешното ширење на вирусот кај неколку видови цицачи, вклучително и домашни говеда во САД, го зголеми ризикот од пренесување на луѓето, соопшти СЗО.
„Мислам дека ова останува огромен проблем“, им рече на новинарите во Женева главниот научник на агенцијата за здравство на ОН Џереми Фарар. Минатиот месец на листата на заразени видови се приклучија и кравите и козите, што е неочекуван развој за експертите бидејќи се сметаше дека тие не се подложни на овој тип на грип.
Американските власти овој месец објавија дека едно лице во Тексас се опоравува од птичји грип по изложување на говеда, при што 16 јата во шест држави се заразени по изложување на диви птици.
Засега нема докази дека Х5Н1 се шири меѓу луѓето. Но, во стотиците случаи кога луѓето биле заразени од контакт со животни во изминатите 20 години, „стапката на смртност е исклучително висока“, рече Фарар, бидејќи луѓето немаат природен имунитет на вирусот.
Од 2003 до 2024 година, ширум светот се пријавени 889 случаи и 463 смртни случаи предизвикани од Х5Н1 во 23 земји, стапка на смртност од 52%.
Свет
(Видео) Бразилка го донела мртвиот „вујко“ во инвалидска количка во банка за да земе кредит
Инцидент од Бразил во кој 42-годишна жена во инвалидска количка донела мртвиот „вујко“ во банка во Рио де Жанеиро за да ги потпише документите за кредит – стана вирален.
„Вујко Пауло, слушаш? Мора да потпишеш. Ако не потпишеш… не можам да потпишам за тебе“, рече таа. Сепак, 68-годишниот маж што таа го донела во инвалидската количка не реагирал. Жената се претставила како негова внука и старател, иако полицијата се уште не утврдила дали и како се поврзани, пишува Вашингтон пост.
#MUNDO. Cams/seguridad grabaron a Erika de Souza Vieira Nunes llegando a sucursal bancaria con cadáver de su tío para intentar retirar 17.000 reales de la cuenta del fallecido. Según Erika, el hombre murió dentro del banco, versión que fue desmentida por las autoridades forenses.… https://t.co/Csdv58Ay1w pic.twitter.com/ssPuPtbua5
— Colombia Oscura (@ColombiaOscura) April 18, 2024
Му турнала пенкало меѓу прстите на починатиот, а кога вработените во банката забележале дека е блед, им рекла дека „таков е“. Конечно повикале брза помош, која констатирала дека човекот бил мртов со часови.
„Секој што го гледа видеото може да види дека човекот е мртов“, изјави Фабио Соуза, главен полициски истражител, за телевизиската мрежа Globonews. „Таа го допираше, а знаеше дека е мртов“.
Полицијата ги истражува причините за смртта на мажот, а жената е обвинета за кражба. Мажот наводно бил хоспитализиран порано поради пневмонија, но во понеделникот жив ја напуштил болницата.
Европа
Захарова: Киев продолжува отворено да најавува терористички напади врз Русија
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на брифинг со новинарите рече дека режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади врз Русија.
„Режимот во Киев продолжува отворено да најавува планирани терористички напади на руска територија, чии детали, нема да верувате, се детално дискутирани во западниот печат“, рече Захарова, според државната руска новинска агенција ТАСС.
Захарова наведе дека во украинските напади се повредени руски цивили и додаде дека украинските специјални служби не се откажуваат од „масакрите на нивните поранешни сонародници“.
„Просветените, како што се нарекуваат себеси, престолнините на колективниот Запад сè уште не го оквалификуваат ова како терористички напад. Како можат да го оквалификуваат како таков? Во спротивно, ќе мора да донесат резолуции и закони со кои се осудува нивното спонзорство на тероризмот“, изјави Захарова на новинарите, пишува ТАСС.