Свет
Од „Фукушима-1“ повторно истекува радиоактивна вода
Управата на јапонската нуклеарка „Фукушима Даичи -1“која претрпе оштетувања во силниот земјотрес и цунамито од 11-три март, соопшти денеска дека повторно е забележано истекување на радиоактивна вода од реакторот за кој се веруваше дека ќе биде најбргу ставен под контрола.
Управата на јапонската нуклеарка „Фукушима Даичи -1“која претрпе оштетувања во силниот земјотрес и цунамито од 11-три март, соопшти денеска дека повторно е забележано истекување на радиоактивна вода од реакторот за кој се веруваше дека ќе биде најбргу ставен под контрола. Управата ден претходно објави дека го запрела новото истекување на радиоактивната вода од резервоарот надвор од третиот реактор оддалечен неколку метри од океанот, за кога се сомнева дека завршила во океанот, но во четвртокот повторно објави дека има проблеми во првиот реактор.Работниците во нуклеарната централа пумпаат вода во четирите реактори за да ги разладат по разорниот земјотрес и цунамито што ги погодија североисточното крајбрежје на Јапонија кога беше онеспособен систем за ладење во нуклеарката.На денешната прес-конференција управникот на погонот во „Фукушима-1“, Јунучи Мацумото рекол дека се претпоставува дека станува збор за големо истекување. Откако на почетокот од седмицата од компанијата која стопанисува со нуклеарката Tokyo Electric Power Co (TEPCO), открива дека нивото на водата во коморите со прачките ураниум паднала шест метри под предвиденото ниво.„Делови од горивото најверојатно се истопиле и паднале и притоа најверојатно ја оштетиле комората и направиле дупка“, рекол Мацимуто.Тој додал дека се разгледува опцијата дали да се зголеми нивото на водата за ладење и така да се ризикува одлевање на нови количества радиоактивна вода. Во реакторот досега е впумпано повеќе од десет илјади тони вода, но не јасно каде завршува водата која се излева. Компанијата „Tepco“ во април соопшти дека планира да ги разладува реакторите на стабилно ниво и да го намали истекувањето на радијацијата во следните три месеца а потоа во дополнителни три месеца да ги излади погоните Во вториот реактор на нуклеарната централа „Фукушима-1“ минатиот месец се јави слично истекување кое работниците успеаја да го сопрат со употреба на течно стакло и други материјали.Јапонската влада под притисок на банките треба во текот на четвртокот да го соопшти планот за финансиска помош на нуклеарната централа кој се проценува на 62 милијарди долари со кои ќе се покријат оштетите за жртвите на централата и ќе ја спасат на компанијата и нејзините акционери од финансиски банкрот./крај/афп/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска истражува наводна руска шпионажа
Полската агенција за внатрешна безбедност изврши претреси како дел од истрагата со други европски безбедносни служби за наводна руска шпионажа, беше соопштено денеска.
Полска, западниот воен центар за снабдување на Украина, која се бори против руската инвазија, вели дека станала главна цел на руските шпиони. Ја обвинува Москва и нејзиниот сојузник Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат.
„Документирани се акции насочени кон организирање проруски иницијативи и медиумски кампањи во земјите на ЕУ“, се вели во соопштението, повикувајќи се на интернет порталот voice-of-europe.eu, за кој велат дека објавил проруски материјали.
Претресите беа извршени во вторникот во Варшава и Тихи во западна Полска, се вели без дополнителни детали.
Операцијата била координирана со други земји, особено со партнери од Чешка, се наведува.
Во средата, чешката влада санкционираше две лица, меѓу кои и прорускиот украински политичар Виктор Медведчук и интернет порталот voiceofeurope.com, за, како што рече, водење на операција за проруско влијание во Европа.
Последните дејствија произлегоа од истрагата завршена во јануари оваа година, во која полски државјанин беше обвинет под сомнение дека шпионирал за руските специјални служби.
Свет
Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска им нареди на полициските началници да распоредат сили за ред пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден.
Во СМС порака до полициските началници, Дарманин напиша дека „многу високото“ ниво на терористичка закана и „продолжувањето на тензиите“ на меѓународната сцена, особено со војната во Газа и нападот во Москва, „бара исклучителна будност“. за време на велигденските празници овој викенд.
Тој, исто така, додаде дека е неопходно да се воспостави „визуелна контрола на луѓето кои влегуваат во верските објекти за да се откријат сомнителни лица“ и дека „посебно внимание треба да се посвети на „возилата стационирани во близина на големите собири“.
Дарманин дал инструкции за „зголемено физичко присуство на полицијата пред секоја црква или еврејски храм“ од петок до крајот на неделата.
Од почетокот на годината во Франција спречени се два напади. Националното обвинителство за тероризам објави дека еден од тие напади вклучува „џихадистичка идеологија“ насочена против католичка институција.
Велигден, со кој се слави Христовото воскресение, е најголемиот христијански празник. Католиците и протестантите го слават овој викенд, а православните верници на 5 мај.
Регион
„Во семејството не смее да постои ниту една тајна, верувам дека детето е со некого и дека не е надвор“: Јуриќ за случајот со исчезнатата Данка
Основачот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, Игор Јуриќ, учествувајќи во емисија во живо, кажа нови детали од истрагата за случајот со исчезнатата Данка Илиќ објаснувајќи зошто потрагата на терен била прекината по 27 часа.
„Не, тоа апсолутно не значи дека некои работи се откриени, напротив, значи само дека нема потреба да се троши работна сила и да се насочува енергија кон тој дел од теренот, кој е целосно и темелно прегледан. Штом немаме дополнителни информации, истрагата продолжува, сега истрагата тргна во друга насока и се вршат некои оперативни дејства поврзани со сознанијата за самото девојче“, изјави Јуриќ.
Тој вели дека во случаите на исчезнување на детето родителите мора да споделат сè со полицијата, дури и најинтимните семејни тајни, кои може да бидат важни во тие моменти.
„Кога зборуваме за овие ситуации, кога детето ќе исчезне, едноставно, не смее да има никакви тајни во семејните односи, напротив, треба целосно да ѝ помогнете на полицијата. Ако имате каква било ситуација што може да доведе до несакан настан, во случајот исчезнување мало девојче, мора да кажете сè што знаете“.
Основачот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца вели дека во деновите кога не знаеле каде е ќерка му Тијана Јуриќ посакувал некој да излезе и да побара откуп.
„Навистина верувам и го чекам соопштението на полицијата за да видам кое е конечното решение за оваа драма, но, дефинитивно, бев среќен што детето не беше пронајдено на тој простор, особено таа прва вечер бидејќи тешко дека детето може да преживеало таму во тие услови. Кога исчезна Тијана, се надевавме дека некој ќе ни побара откуп и дека е жртва на киднапирање, некако сега се надевам дека има шанси детето поради некоја причина да е со некои луѓе и да е уште живо. Таа надеж постои во нашите глави, но од нашето искуство мораме да бидеме подготвени за најлошите вести.
Според него, добро е што е пребарана областа и последната надеж е дека некој е вмешан и дека детето е скриено поради некоја причина.
„Сега очекувам дека оперативците на МУП ќе завршат добра работа и дека, конечно, ќе ја дознаеме вистинската вистина.
Игор Јуриќ зборуваше и за активирање на системот „Најди ме“.
„Системот го активираат началниците на полициските одделенија, во случајот тоа беше полициското одделение каде што детето исчезна. Кога ќе се процени дека детето е во опасност, системот се активира. Она што беше специфично во овој случај е дека детето е екстремно мало, самите околности беа многу чудни и полицијата бргу реагира и поради возраста на детето, темелно го пребара теренот.
„Полицијата се погрижила да не го загрози дополнително животот на детето и да ги истражи сите околности, детето да не биде жртва на киднапирање, да не се бара откуп и слично, затоа системот бил активиран околу 7 часот“, објаснува тој.