Свет
Гадафи му порача на НАТО дека е невозможно да го убие
Либискиот лидер Муамер ел-Гадафи во петокот навечер имал кратко аудио обраќање преку националната телевизија, во врска со информациите во западните медиуми дека бил ранет во бомбардирање, и дека заминал од главниот град Триполи.
Либискиот лидер Муамер ел-Гадафи во петокот навечер имал кратко аудио обраќање преку националната телевизија, во врска со информациите во западните медиуми дека бил ранет во бомбардирање, и дека заминал од главниот град Триполи. „Вие не може да ме убиете, бидејќи јас живеам таму каде што не може да ме досегнете – во срцата на милиони луѓе. Дури и ако ме уништите физички, јас ќе останам во срцата на милиони луѓе“, изјавил полковникот Гадафи, обраќајќи му се на НАТО и на неговиот либиски непријатели. Претходно во петокот, првиот човек на италијанското министерство за надворешни работи, Франко Фратини на прес-конференција во италјанската покраина Тоскана изјави дека „Гадафи, најверојатно, е ранет“ при бомбардирањето на НАТО. Тој исто така посочи дека полковникот заминал од престолнината Триполи, но останал во земјата.Министерот за надворешни работи на Италија додаде информацијата му ја соопштил бискупот Џовани Иноченцо Мартинели и дека верува во нејзината веродостојност. Претходно во петокот Фратини рече дека Меѓународниот кривичен суд најверојатно до крајот на месецов ќе издаде налог за апсење на либискиот лидер Гадафи.Либиското раководство во петокот ја негираше информацијата за можното ранување на Гадафи, тврдејќи дека тој е сосема здрав.Воените команданти на НАТО кои ги спроведуваат континуирано воздушните напади врз Либија во рамките на операцијата „Обединет бранител“ неколкупати изјавија дека нивната цел не е физички да го елиминираат Гадафи. Меѓутоа, за време на еден од нападите врз неговата резиденција во Триполи во ноќта на 1 мај, беше убиен најмладиот син на Гадафи, 29-годишниот Саиф ал-Араб, како и три внуци на либискиот водач и неколкумина негови пријатели и соседи. Тогаш либиската влада издаде соопштение дека во нападот Гадафи и неговата сопруга не биле проведени. Во четврток, 12-ти мај, исто така при бомбардирањето на една од куќите на Гадафи загинаа тројца либиски новинари.
Гадафи вечерва во своето обраќање им се заблагодари на сите кои контактирале со либиското раководство за да дознаат дали тој навистина е повреден во бомбардирањето на НАТО, и изразиле поддршка за либискиот лидер./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.