Свет
Нетанјаху ги повтори израелските услови за мир
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повторно денеска ги изложи условите кои сака да се остварат во рамките на мировниот договор со Палестинците за кои според него во Израел е постигнат широк консензус
„Еврејските населби на Западниот брег мораат да останат под наш надзор. Израел треба да биде признаен како држава на еврејскиот народ и неговата престолнина мора да остане неподелениот Ерусалим“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на почетокот од парламентарната седница во понеделникот, пренесуваат израелските медиуми. „За проблемот со палестинските бегалци мора да се пронајде решение надвор од израелските граници, а мировниот договор мора да овозможи прекин на судирите и палестинските барања кон Израел“, посочил Нетанјаху.Притоа израелскиот премиер истакнал дека секој мировен договор мора да ги исполни безбедносните услови во Израел и да ја опфати „израелската долгорочна присутност во долината на реката Јордан“, долж границата со Западниот брег и државата Јордан.„Ако Палестинците се решат за патот на мирот и се откажат од насилствата, ќе сфатат дека сме подготвени за мир и за договарања“, додал Нетанјаху. Останувајќи на фактот дека идната палестинска држава мора да се демилитаризира, израелскиот премиер предупредил на нуклеарните планови на Иран кого повторно го обвини дека сака да произведе атомско оружје.Израелскиот премиер Бејнамин Нетанјаху во четврток ќе патува во САД каде што во петок ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама а на 24-ти мај ќе одржи политички говор во двата дома на Конгресот кои ќе се состанат на вонредна седница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.
Европа
Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана
Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.
Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.
Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.
Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.
Свет
Си-ен-ен: Сателитските снимки покажуваат дека во Исфахан нема поголеми штети
Според сателитските снимки од вселената до кои ексклузивно дојде Си-ен-ен, се чини дека нема поголема штета во воздушната база која наводно била цел на израелскиот напад во Исфахан.
Сателитски снимки се направени околу 10:18 часот по локално време. Се чини дека нема големи кратери во земјата и нема видливи уништени згради. Меѓутоа, за да се знае со сигурност дали има некаква штета, ќе бидат потребни дополнителни визуелни сателитски снимки, пишува Си-ен-ен.
Сликите не се како обичните сателитски снимки бидејќи се создадени од сателит кој испраќа радарски зраци кои можат да поминат низ облаците, како оние што моментално ги спречуваат сателитите да ја сликаат областа. Овие радарски зраци се одбиваат од објектите на земјата и се враќаат назад кон сателитот.
Иранската новинска агенција ФАРС објави дека една од можните цели бил воен радар во воена база во провинцијата Исфахан, а единствената штета од нападот се скршени прозорци во неколку деловни згради.
Сликите исто така покажуваат дека иранските F-14 Tomcats кои во минатото беа стационирани во воздухопловната база во моментов ги нема. Дополнителни архивски сателитски снимки прегледани од Си-ен-ен покажуваат дека тие F-14 Tomcats не биле таму некое време.