Свет
Фоторграф од ЈАР убиен во Либија
Австриски фотограф кој работел за медиуми од Јужна Африка, Антон Хамерл, кој исчезна во Либија на почетокот од април, е убиен од страна на владините трупи, пренесува AFP повикувајќи се на член на неговото семејство.
Во средата, на 18 мај неколку медиуми објавија дека од 4 април се водат за исчезнати во Либија четири странски новинари: двајца Американци, еден Шпанец и новинар од Јужна Африка кој беше ослободен. Но, веднаш потоа Reuters појасни дека меѓу ослободените не е фотографот од Јужна Африка ,туку британскиот новинар Најџел Чендлер. Притоа не беше соопштено дали новинарите имале акредитации.Претходно, Националната телевизија на Шпанија (TVE1) објави дека возилото во кое се превезувале на 4-ти април четворицата новинари било сопрено на автопатот што води од градот Аџдабија кон градот Марса ен-Брега. Либиските војници ги извадиле новинарите од автомобилот, кој потоа бил запален, а нив ги притвориле .Се’ уште е непознато дали има меѓу бил Австриецот Антон Хамерл.„Антон беше убиен од страна на силите на Гадафи во едно многу оддалечено место во либиската пустина. Според сведоците, се здобил со такви рани што не можел да преживее без итна медицинска помош“, објавил роднина на фотографот на својата страница на Фејсбук. Кон крајот на април, при покривање на настаните во опсадениот од страна на силите на Моамер ел- Гадафи град Мисрата, загина британскиот фотограф и режисер Тим Хетерингтон, авторот на номинираниот за Оскар минатата година филм „Рестрепо“ (Restrepo ).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.