Свет
Строс-Кан ќе добива пензија од 300 илјади долари
Поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан ќе добие годишна пензија од околу 318 илјади долари, пренесува денеска американската телевизиска мрежа „Еј-Би-Си њуз“ (ABC news).
Поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан ќе добие годишна пензија од околу 318 илјади долари, пренесува денеска американската телевизиска мрежа „Еј-Би-Си њуз“ (ABC news).Доминик Строс-Кан, беше уапсен на 14 мај во Њујорк, врз основа на изјавите на 32-годишната собарка од њујоршкиот хотел „Софител“ којашто го пријави на полицијата со обвинување за сексуално насилство. Во четвртокот веќе поранешниот шеф на ММФ го информира раководството на Фондот дека има намера да ја напушти својата позиција во врска со кривичната истрага што се води против него.Како што дознава американската телевизија, според договорот на Строс-Кан со ММФ, кој беше склучен во 2007 година, неговата плата во основа изнесувала 496 илјади долари годишно. Меѓутоа, сметајќи ги зголемувањата на платата и надоместоците, приходот на Строс-Кан, како што проценува телевизијата, за минатата година изнесувал 530 илјади долари.Според вообичаената американски практика, се плаќа компензација на високи извршни директори на фирми во случај на престанок на нивниот работен однос. Таканаречените .„златни падобрани“ може да вклучуваат и продолжување на исплатата на платата, бонуси и одредени бенефиции и привилегии. Случајот со апсењето и притворот на првиот човек на ММФ, не е исклучок, наведува ABC.news.Според тв-каналот, висината на исплатата за Строс-Кан ќе биде меѓу 60 и 65 отсто од неговиот приход што го остварувал додека ја извршуваше функцијата извршен директор на ММФ. Така, Строс-Кан би добивал од 318 до 349 илјади долари годишно до крајот на животот.Остварувањето на „златниот падобран“ не е попречено од моменталната ситуација со кривична пријава за поранешниот директор на ММФ, забележува телевизискиот канал. Овие пензиски бенефиции коишто се предвидени за вработени на ММФ со 50 години старост, не се јавни.„Фондот не дистрибуира лични информации за своите сегашни или поранешни вработени“, изјави за телевизијата претставникот на ММФ, коментирајќи го прашањето за исплатата на Строс-Кан.Врховниот суд на Њујорк во четвртокот се согласи да го пушти од притворот Строс-Кан да се брани од слобода со кауција од еден милион долари и го стави во домашен притвор. Како што се очекува, во текот на денешниот ден по уплатата на одредената сума, обвинетиот ќе биде ослободен од притворот во затворот „Рајкерс Ајленд“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.