Свет
Бомбаш самоубиец нападна болница во Кабул
Најмалку шест луѓе загинале, а 23 се ранети во денешниот напад на бомбаш самоубиец во болница во главниот авганистански град Кабул, пренесува Би-Би-Си, повикувајќи се на изјава на министерот за одбрана на Авганистан.
Најмалку шест луѓе загинале, а 23 се ранети во денешниот напад на бомбаш самоубиец во болница во главниот авганистански град Кабул, пренесува Би-Би-Си, повикувајќи се на изјава на министерот за одбрана на Авганистан. Авганистанскиот разузнавач изјавил дека станува збор за двајца напаѓачи самоубијци кои влегле во болницата „Charsad Bestar“, пренесува британскиот радиодифузер. Еден од нив се кренал во воздух во болничката кантина во близина на военото крило, додека за другиот сè уште нема информации. Портпаролот на талибаните во Авганистан, Забиулах Муџахид изјави дека талибаните ја преземаат одговорноста за денешниот напад. Според доктор од нападнатата болница, веднаш по првата експлозија сите потрчале од одделот каде што се наоѓа болничката кантина. Тој додал дека нападот се случил во време на паузата за ручек и дека персоналот се заклучил во нивните простории, „бидејќи другиот напаѓач сѐ уште е некаде во болницата“. Болницата која има капацитет да прими 400 пациенти е изградена во 1970-тите каде биле хоспитализирани ранетите војници за време на советската инвазија на Авганистан, па потоа повредени во граѓанската војна што следеше по повлекување на советите, а подоцна и за згрижување високи лидери на талибаните и команданти на Ал Каеда. По соборувањето на талибанскиот режим, западните земји инвестираа повеќе милиони долари во оваа болница, за надградба на нови објекти и инсталирање на современа медицинска опрема, како и за набавка на воздушна медицинска помош. Дописникот на Би-Би-Си од Кабул вели дека вообичаено нивото на безбедност обично е многу високо. /крај/ббц/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.