Свет
Парламентарни избори на Кипар
Кипарските Грци денеска гласаат на парламентарни избори кои би можеле да го разнишаат единството на владејачката коалиција, која ги предводи мировните преговори на етнички поделениот Кипар.
Кипарските Грци денеска гласаат на парламентарни избори кои би можеле да го разнишаат единството на владејачката коалиција, која ги предводи мировните преговори на етнички поделениот Кипар.Иако парламентарните избори немаат директно влијание врз кипарскиот претседателски систем, се очекува да го отворат патот на можно прекројување на сојузот пред претседателските избори во 2013. година.Сегашниот претседател Деметрис Христофиас владее со коалицијата на својата комунистичка партија АКЕЛ и центристичката Демократска партија(Дико).Истражувањата на јавното мислење покажува дека Дико ќе ја задржи својата улога на тег на вагата. На главната опозициска партија, десничарскиот Демократски сојуз му се дава мала предност пред владејачката АКЕЛ, додека Дико е на трето место. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка
Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до американскиот Конгрес да го усвои повеќемесечниот закочен закон за странска помош.
Денис Шмихал изрази оптимизам дека американските пратеници ќе го усвојат жестоко оспоруваниот закон, кој обезбедува 61 милијарда долари американска помош за Киев.
Претставничкиот дом треба да гласа за пакетот оваа сабота. Предлогот вклучува финансирање за Израел, како и за Индо-Пацификот.
„Ако не се заштитиме, Украина ќе падне“, рече тој, а потоа додаде: „Глобалниот безбедносен систем ќе биде уништен и целиот свет ќе мора да најде нов безбедносен систем. Или ќе има многу конфликти, многу такви војни, а тоа може да доведе до трета светска војна“.
Ова не е првпат Украина да објавува алармантно предупредување за последиците од нејзиниот потенцијален пораз. Минатата година, претседателот Володимир Зеленски рече дека ако Русија победи во војната, може да ја нападне Полска, што ќе предизвика трета светска војна.
Кремљ, од друга страна, ги исмеа таквите тврдења како заплашување на Западот. Минатиот месец, претседателот Владимир Путин ги отфрли сугестиите дека Русија може еден ден да ја нападне Источна Европа како „целосна глупост“.
Русија никогаш не нападнала земја во НАТО, во која спаѓа и Полска. Пактот за колективна одбрана на НАТО значи дека нападот врз една членка е напад врз сите.
Во интервју за Би-Би-Си, новинарите го прашаа премиерот Шмихал за неодамнешното тврдење на републиканскиот шеф на комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, кој рече дека членовите на неговата партија се „заразени“ од руската пропаганда.
„Треба да разбереме дека дезинформациите и пропагандата погодуваат многу луѓе во САД, многу луѓе во Европската унија, како што е случајот во Украина“, рече Шмихал. Имено, десното крило на Републиканската партија со месеци ја блокира потенцијалната помош за Украина.
Некои од тие пратеници се спротивставија на испраќање помош од десетици милијарди долари во странство без претходно да одобрат финансирање за безбедноста на границата меѓу САД и Мексико. Тие конзервативци, исто така, ја отфрлија како клевета секоја сугестија дека тие би можеле да бидат про-Кремљ.
Претседателот Џо Бајден вчера изјави дека ќе го потпише пакетот за да стане закон веднаш откако Конгресот ќе го усвои „за да испрати порака до светот дека стојат со своите пријатели“. Украина е критично зависна од испораките на оружје од САД и Западот за да ја продолжи својата борба против Русија, која има супериорна работна сила и артилериска муниција.
Свет
Маж фрли бомба врз Сатански храм во САД
Американските власти вчера уапсија маж од Оклахома затоа што фрлил бомба врз седиштето на Сатанскиот храм во Масачусетс.
Чудно именуваната организација со седиште во Салем на својата веб-страница наведува дека се залага за секуларизмот и индивидуалните слободи и дека нејзините членови всушност не го обожаваат сатаната.
Шон Патрик Палмер (49) е обвинет дека ја оштетил зградата на храмот со експлозивна направа. Тој денеска треба да се појави пред судот во Оклахома. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 20 години и парична казна до 250.000 долари, пишува АП.
Надзорните снимки покажуваат како Палмер се приближува до сатанскиот храм околу 4 часот наутро на 8 април. Го сокрил лицето, а на себе носел војнички елек. Потоа ја запалил експлозивната направа, ја фрлил на главниот влез и побегнал. Бомбата делумно се активирала, предизвикувајќи мала пожарна штета.
Свет
Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит
Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела мртов маж, за кој вели дека и е вујко, во банка за да земе кредит. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката „Итау“ во Рио де Жанеиро ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.
Од полицијата велат дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе го одобрила, но за што било потребно одобрение и од вујкото. Додека таа се обидувала да му го наместо пенкалото, главата му паѓала назад, пишува „Си-ен-ен“.
„Вујко слушаш, мораш да потпишеш. ако не потпишеш нема шанси. Не можам да ти потпишам, мораш. Ајде потпиши, не прави проблем, јас не можам, направи го тоа повеќе“, му зборувала жената. Еден од вработените во банката во тој момент изјавил дека постарата личност најверојатно не се чувствува добро.
Шефот на цивилната полиција на Рио де Жанеиро, Фабио Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа и дека не бил жив кога бил донесен во банката. Полицијата води истрага, а засега не е покренато обвинение.
Адвокатот на семејството го демантираше полицискиот извештај: „Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банка. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“.