Свет
Поради ерупцијата на вулканот затворено небот над Исланд
Исландскиот воздушен простор е затворен во неделата поради ерупцијата на најактивниот исландски вулкан Гримсвотн којашто е проследена со голем облак прашина, соопшти управата за авионски сообраќај „Исавиа“
„Се затвораат аеродромот во Кевлавик, најголемиот исландски аеодром, и исландскиот воздушен простор“, изјави портпаролката на „Исавија“, Хјордис Гудмундсдотир.Вулканот Гримсвотен во областа Ватнајоекула, во југо-источен Исланд, се активираше во саботата. Тој е најактивниот исландски вулкан кој во периодот мешу 1922 и 2004 година деветпати еруптирал.Ерупсцијата е проследена со голем облак од вулканска прашина која досегнува височина од најмалку 17 киилометри, а можеби и повеќе, рекол Еинар Кјартансон, геофизичар од метеоролошкиот завод на Исланд. Според истите податоцви, облакот од чад во саботата навечер бил повисок од 20 километри. Ерупцијата на исландскиот вулкан Еијафјатлаијокудл во април 2010 година, предизвика хаос во авионскито сообраќај на целата територија на Европа.Вулканот кој не беше активен од 19-от век проработе на 20 март и веќе на 14 април почна да се исфрли на голема височина огромно количество пепел. Поради проширување на вулканскиот облак над европскиот континент, службите за безбедност во авиосообраќајот одлучија да го затвори воздушниот простор над многу области. Воздушниот сообраќај над Европа беше буквално парализирани и во чекалниците на аеродромите беа заглавени десетици илјадници патници од целиот свет кои очекуваа промена во насока на ветерот. Вулканската ерупција заврши на 23 мај а најмногу од сè страдаше туризмот. Зедничките загуби на европските туристички компании се проценуваат на 2,3 милијарди долари
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.