Контакт

Свет

Обама може да ја напушти Ирска пoрано поради вулканскиот облак

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама може да го скуси престојот во Ирска и да одлета за Велика Британија порано од планираното поради опасноста од затворање на воздушниот простор што се должи на појавата на нов облак од вулканска пепел од Исланд, јавува ирската телевизија RTE

dobivaj vesti na viber

„Многу е веројатно дека Барак Обама ќе ја напушти Ирска денеска навечер наместо утре наутро, Се разработува планот за обезбедување на заминување на претседателот на аеродромот во Даблин околу 19.30 по локално време (20,30 часот по македонско време)“, пренесе ирската телевизија. Засега нема информации дали Обама полетал за Лондон.Првично беше предвидено дека американскиoт претседател и неговата сопруга откако ќе преноќат во Ирска една вечер, а во вторник наутро ќе заминат за Лондон во неговата тридневна официјална посета на Велика Британија. Но, сега овие планови се на преиспитување поради заканата за затворање на воздушниот простор над Ирска и Велика Британија. Претходнo можноста за пореметувања во воздушниот сообраќај во вторник веќе ја најавија британските и ирски воздухопловни власти имајќи ги предвид последиците од ерупцијата на исландскиот вулкамн Гримсвотн.Гренланд делумно го затвори својот воздушен простор во попладневните часови во понеделникот поради ерупцијата на вулканот Гримсвотн на Исланд, јави AFP повикувајќи се на претставник на управата на воздушниот сообраќај на Данска „Naviair“ Хеле Когсбел .Чадот од вулканот Гримсвотн на југо-исток од Исланд, кој започна еруптира во саботата, во неделата достигна височина од 20 километри. Воздушниот простор над Исланд беше привремено затворен а сите домашни летови откажани. Трансатлантските летови до Исланд се пренасочуваат кон другите, неисландски аеродроми. Претходно, метеоролошките служби на Исланд објавија дека ветрот ја носи вулканската пепел кон Гренланд. Според Хеле Когсбел кој ги застапува  интересите на данската урпава за воздушен сообраќај „Naviair“, воздушниот простор ќе биде затворена во 14.00 по локално време (14.00 часот по македонско време).„Станува збор за воздушниот простор на височина до шест илјади метри северно од Кулусук, југо-источно од островот Констабл Поинт (Constable Point) каде воздушниот сообраќај ќе биде забранет поради ширењето на облакот од пепел од ерупцијата на исландски вулкан кон Гренланд“, изјави Когсбел.Преходно беше објавено дека ако ерупцијата го задржи сегашниот интензитет, во вторник вулканската пепел би можела да го достигне северот на Шкотска, а од четврток или петок пепелта да дојде до Франција, Шпанија и Велика Британија. Како што пренесува AFP повикувајќи се на државниот оператор со норвешките аеродроми „Avinor“,  поради ерупција Гримсвотн има мали проблеми во авиосообраќајот. Како што е најавено, во понеделник ќе бидат прекинати летовите меѓу континентална Норвешка и архипелагот Свалбард. „Облакот со пепел ќе биде над водите меѓу континентална Норвешка и Свалбард. Денешните летови до Свалбард и од него ќе бидат откажани. Постои извесна оапсност дека западниот дел на Норвешка ќе биде зафатен од облакот, но сепак е премногу рано тоа да се каже со сигурност..“, го цитира  агенцијата претставникот на „Avinor“, Ове Нарвесен. Имајќи го предвид она што се случи над Европа кога еруптирашѓе исто така исландскиот вулкан Еијафјатлаијокудл , на европскиот континет веќе започнаа превентивните подготовки. Така, државниот секретар за транспорт на Франција, Тиери Мариани во понеделникот изјави дека ако облакот од пепел од вулканската ерупција во Исланд достигне до Европа, летовите на небото над регионот ќе бидат откажани. „Со точност може само да се каже дека доколку во текот на денот облакот од вулканска пепел дојде до Европа, летовите ќе бидат откажани. Доколку пепелта нема да претставува опасност, ние ќе ги подигнеме авионите. Доколку, пак, облакот од пепел претставува опасност, авионтие нема да полетаат“, ги цитира AFP (Agence France-Presse) зборови Тиери Мариани.Вулканот Гримсвотен во областа Ватнајоекула, во југо-источен Исланд, се активираше во саботата. Тој е најактивниот исландски вулкан кој во периодот мешу 1922 и 2004 година деветпати еруптирал.Ерупцијата на исландскиот вулкан Еијафјатлаијокудл во април 2010 година, предизвика хаос во авионскито сообраќај  на целата територија на Европа. Вулканот кој не беше активен од 19-от век проработе на 20 март и веќе на 14 април 2010 г. почна да се исфрли на голема височина огромно количество пепел. Поради проширување на вулканскиот облак над европскиот континент, службите за безбедност во авиосообраќајот одлучија да го затвори воздушниот простор над многу области. Воздушниот сообраќај над Европа беше буквално парализирани и во чекалниците на аеродромите беа заглавени десетици илјадници патници од целиот свет кои очекуваа промена во насока на ветерот. Вулканската ерупција заврши на 23 мај а најмногу од сè страдаше туризмот. Зедничките загуби на европските туристички компании се проценуваат на 2,3 милијарди долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Објавено пред

Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“, повикувајќи се на полициски извори.

dobivaj vesti na viber

Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува Танјуг.

Полицијата во моментов спроведува истрага со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.

Прикажи повеќе...

Регион

Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница

Објавено пред

Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.

Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.

Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.

Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.

„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Објавено пред

Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.

dobivaj vesti na viber

Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал ​​Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.

Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија3 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија3 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија3 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија4 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија4 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија14 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија15 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија16 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија16 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија18 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија18 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија19 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија19 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија19 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија19 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија19 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....