Свет
Музеј во Москва ги изложи доказите за еврејското потекло на Ленин
Државен историски музеј во Москва им овозможи на обичните граѓани на Русија да го видат документот кој се чини дека ги потврдува старите гласини дека Владимир Иљич Ленин имал еврејско потекло.
Државен историски музеј во Москва им овозможи на обичните граѓани на Русија да го видат документот кој се чини дека ги потврдува старите гласини дека Владимир Иљич Ленин имал еврејско потекло.Меѓу неколкуте десетина до сега непознати документи изложени во московскиот музеј, се наоѓа писмо на најстарата сестра на Ленин, Ана Уљанова во кое се наведува дека нивниот дедо од мајка бил украински евреин кој преминал во христијанството за да го избегне животот во таканаречениот гранично подрачје на колонизацијата и да има поголем пристап во образованието.„Бил од сиромашно еврејско семејство и бил според крштеницата, син на Мозес Бланка, жител на градот Житомир во западниот дел на Украина“, пишува ви писмото на Уљанова во 1932 година.„Владимир Иљич секогаш имал високо мислење за Евреите и многу ми е жал што фактите за нашето потекло во однос на кое сум имала сомнеж, не беше познат за неговиот живот“, додала Уљанова. Многу Евреи во царска Русија во која бил распространет антисемитизмот, им се придружиле на болшевиците, а некои од нив биле меѓу водачите на Комунистичките партии, откако револуцијата ја презеде власта во земјата во 1917 година и го создала Советскиот Сојуз.Најпознати меѓу нив бил и Лав Троцки, чие вистинско име било Бронштејн. Но, Ленин роден во 1870 година како Владимир Иљич Уљанов, се претставил исклучиво како Русин, а во 1901 година го добил прекарот Ленин додека бил прогонет во Сибир, во крајбрежната река Лена. Во официјалната Ленинова биографија која ја напишала неговата внука, Олга Уљанова, се наведува дека неговото семејство исклучиво била од руско, германско и шведско потекло. Писмото на сестрата на Ленин стана достапно за руските историчари уште од почетокот на деведесеттите години на минатиот век, но неговата автентичност е жестоко оспорувана. Изложбата која е поставена во музејот во кој се наоѓа телото на Ленин, исто така открива дека бил основач на Советскиот Сојуз./крај/бе/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.