Свет
Облакот од пепел од вулканот Гримсвотен ќе се расчисти во четврток
Облакот од вулканска пепел од исландскиот вулкан, поради што неколку дена се откажани летови кон Велика Британија, Германија и делови од Скандинавија, најверојатно целосно ќе се расчисти утре,
Облакот од вулканска пепел од исландскиот вулкан, поради што неколку дена се откажани летови кон Велика Британија, Германија и делови од Скандинавија, најверојатно целосно ќе се расчисти утре, јавува во Reuters, повикувајќи се на Европската агенција за безбедност и контрола на воздушниот простор (Евроконтрол). „Утре (четврток) не очекуваме значително влијание врз воздушниот простор на Европа“, се вели во соопштението на Евроконтрол. Според податоците на Евроконтрол, поради облакот од вулканска пепел во средата во Германија беа откажани 450 летови, главно на аеродромите во Берлин, Бремен и Хамбург. Вулканот Гримсвотн во југоисточниот дел на Исланд, по претходната ерупција која беше забележана во 2004 година, еруптираше во ноќта на 22 мај. Столбот од чад од вулканот се издигна до височина од 20 километри. Претходно во средата, британските метеоролози објавија дека Гримсвотн престанал да еруптира.Вулканска пепел претставува сериозна закана за авионите, бидејќи честичките навлегува во авионските млазни мотори и многу брзо може да ги исклучат од работа. Пепелта што ја исфрлаше Гримсвотен содржеше многу поголеми честички кои побрзо паѓаат на земјата и кусо се задржуваат во атмосферата.Ерупцијата на исландскиот вулкан Еијафјатлаијокудл во април 2010 година, предизвика хаос во авионскиот сообраќај на целата територија на Европа. Вулканот кој не беше активен од 19-от век проработе на 20 март и веќе на 14 април 2010 г. почна да се исфрли на голема височина огромно количество пепел. Поради проширување на вулканскиот облак над европскиот континент, службите за безбедност во авиосообраќајот одлучија да го затвори воздушниот простор над многу области. Воздушниот сообраќај над Европа беше буквално парализирани и во чекалниците на аеродромите беа заглавени десетици илјадници патници од целиот свет кои очекуваа промена во насока на ветерот. Вулканската ерупција заврши на 23 мај а најмногу од сè страдаше туризмот. Зедничките загуби на европските туристички компании се проценуваат на 2,3 милијарди долари./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.