Контакт

Свет

Клинтон: Соработката на САД и Пакистан е стратешка потреба

Објавено пред

Соработката со Пакистан е стратешка потреба на САД, дури и кога Вашингтон врши притисок врз Исламабад да дејствува поодлучно во борбата против тероризмот, изјави американската државна секретарка Хилари Клинтон.

dobivaj vesti na viber

Соработката со Пакистан е стратешка потреба на САД, дури и кога Вашингтон врши притисок врз Исламабад да дејствува поодлучно во борбата против тероризмот, изјави американската државна секретарка Хилари Клинтон.Пакистан е добар партнер во меѓународните напори за сузбивање на тероризмот, вели Клинтон, и покрај лутината на САД заради откритието дека Осама бин Ладен таму живеел со години, пред да го убијат американските специјалци на 2-ри мај.„Имаме голем број очекувања од пакистанската влада и би сакале таа да ги исполни, но истовремено сакам да истакнам дека пакистанската влада никогаш не била во втор план“, рече Клинтон, која присуствува на самитот на Г8 во Франција.  Неодамна американските конгресмени му се заканија на Пакистан дека ќе му ја укинат помошта, вредна повеќе милијарди долари. „Владата на Пакистан беше ангажирана во сопствената борба со терористите, кои убиваа луѓе без да водат сметка за возраста или полот. Сега сакаме нашето партнерство да го поставиме на што е можно посилни темели“, вели натаму  Клинтон и додава дека меѓународната заедница на пакистанската територија убила повеќе терористи отколку каде и да било на друго место во светот, а тоа не би можело да се оствари без соработка на Пакистан. /крај/хина/сс/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Њујорк тајмс“: Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад

Објавено пред

Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад во градското собрание Крокус, поради страв да не ги откријат нивните извори, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на претставници на европската и американската безбедност, пренесува РИА Новости.

dobivaj vesti na viber

„Непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон ги спречија американските официјални лица да споделат повеќе информации за терористичкиот заговор поради страв дека руските власти би можеле да дознаат за нивните разузнавачки извори или методи“, се вели во написот.

Како што изјави директорот на ФСБ, Александар Бортников, Вашингтон на почетокот на март пренел информации за подготовка на терористички напад во Русија, но тој бил од општа природа. Тој истакна дека таквите податоци од САД не се секогаш конкретни.

Прикажи повеќе...

Свет

Претседателот на Филипините воведува контрамерки против Кина за нападот: „Нема да молчиме“

Објавено пред

„Филипините ќе спроведат пропорционални и разумни контрамерки против нелегалните, принудни, агресивни и опасни напади на кинеската крајбрежна стража и поморската милиција во Јужното Кинеско Море“, рече филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор.

dobivaj vesti na viber

„Не бараме конфликт со ниту една нација, особено со земји кои ни се претставуваат и тврдат дека се наши пријатели, но никој нема да не принуди да молчиме, да се потчинуваме или да се потчинуваме“, напиша Маркос на Фејсбук.

Тој не прецизираше што ќе вклучуваат тие контрамерки.

Во последниве години, Филипините го критикуваа повтореното, како што велат, агресивното однесување на кинеската крајбрежна стража и рибарски бродови во спорната област во ексклузивната економска зона на Филипините.

Последниот инцидент се случи минатата недела, кога Кина употреби водени топови за да ја попречи филипинската мисија за снабдување на војниците.

Кина, која го поседува речиси целото Јужно Кинеско Море, ги обвини Филипините за навлегување на нивната територија и рече дека ги презела неопходните мерки против бродовите.

Кина во понеделникот ги предупреди Филипините да чекорат внимателно и да бараат дијалог, велејќи дека нивните односи се на „пресвртница“ бидејќи судирите меѓу нивната крајбрежна стража поради поморските тврдења ги влошиле тензиите.

Маркос рече дека се сретнал со неговите претставници од одбраната и безбедноста и дека е во комуникација со „пријателите од меѓународната заедница“.

„Тие ни понудија помош со она што им е потребно на Филипините за да го заштити и обезбеди нашиот суверенитет, суверени права и јурисдикција, истовремено обезбедувајќи мир и стабилност во Индо-Пацификот“, рече Маркос.

Влошувањето на односите со Кина доаѓа додека Маркос се обидува да ги продлабочи одбранбените врски со САД.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера ја потврди посветеноста на Вашингтон на спогодбата за заемна одбрана со Филипините од 1951 година и ги критикуваше „опасните“ акции на Кина.

Прикажи повеќе...

Регион

Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокираше пристапот

Објавено пред

Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, додека пред неа пристигнал багер, објави српски Телеграф.

dobivaj vesti na viber

Според медиумот, се уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

2-годишната Данка исчезна во моментот кога нејзината мајка му давала вода на друго дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата и била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Abber Alert наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и бројни мештани. По 27 часа српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет3 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет3 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија3 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион4 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет4 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет4 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија19 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија20 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија21 час

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија22 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија23 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...