Свет
Клинтон во посета на Пакистан
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон допатува во ненајавена посета на Пакистан, во време кога односите помеѓу двете држави се затегнати по американската операција во која беше ликвидиран Осама бин Ладен.
Државната секретарка на САД Хилари Клинтон допатува во Пакистан во придружба на командантот на главниот штаб на американската армија адмиралот Мајк Мулен.Се очекува Клинтон и Мулен да побараат од Пакистан соработка во борбата против ал-Каида и исламските бунтовници, но и превземање напори во истрагата за долгиот престој на Осама бин Ладен во Пакистан.Клинтон во четвртокот изјави дека соработката со Пакистан е стратешка нужност за САД и побара од Исламабад решителна борба против тероризмот.Оваа посета на државната секретарка Хилари Клинтон беше најавена пред десет дена, нотогаш не беше најавен точниот датум на посетата на Пакистан на која ќе се водат, како што беше нагласено, „стратешки“ разговори. Станува збор за многу важна посета на државната секретарка на САД на оваа источна земја во невралгичното подрачје, во периодот кофа растат тензиите меѓу двете држави откако на 2-ри мај американските специјалци во самостојна акција во градот Аботабад, 50 километри од пакистанската престолнина Исламабад, го ликвидираа Осама бин Ладен, водачот на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.Како што најави на 17-ти мај портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер на брифингот за новинаритетогаш, Клинтон „планира да го посети Пакистан, за да ги спроведе таму продлабочените стратешки разговори“. Тој додаде дека државната секретарка на САД ќе отпатува за Исламабад кога „разговорите ќе може да ги одржи во поволен контекст и со вистинска подготвеност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.