Свет
Демонстрациите против странски компании во Перу стануваат насилни
Демонстрантите во Перу кои се обидуваат да спречат транснационална рударска компанија да започне со ископувањето на сребро во Перу ја сменија тактиката по три недели ненасилни протести и започнаа да уништуваат државен и приватен имот во планинскиот пограничен регион на Андите кон Боливија
Демонстрантите во Перу кои се обидуваат да спречат транснационална рударска компанија да започне со ископувањето на сребро во Перу ја сменија тактиката по три недели ненасилни протести и започнаа да уништуваат државен и приватен имот во планинскиот пограничен регион на Андите кон БоливијаОколу 10.000 демонстранти три недели ги блокираат патиштата на североистокот на земјата, во обид да ја убедат перуанската влада да ја повлече концесијата која и ја даде на канадската компанија Bweer Creek Mining Corp. , која планира да ископува сребро во тој регион. Патните блокади, направени од камења, блокираат околу 300 километри од пограничниот пат кој води од Перу кон Боливија, а активистите се распоредени на неколку километри, за да се осигураат дека ништо нема да помине. Поради блокадите, околу 600 камиони, од кои повеќето носат храна за извоз кон перуанските пристаништа, се заглавени на боливиската страна од границата, а други 180 камиони на перуанската страна.Локалните жители се жалат што владата не ги консултирала пред да ја даде концесијата и велат дека се свесни оти рударството многу ја загадува околината, па затоа големите компании сакаат да гио префрлат во неразвиените земји како нивната. Повеќе демонстранти, незадоволни од неуспехот на мирните демонстрации, почнаа да напаѓаат државни и приватни објекти. Во пограничниот град Пуно била нападната канцеларијата на даночната управа, при што биле запалени сите досиеја. Демонстрантите запалиле и царински склад во кој имало најмалку 20 возила, а пожарникарите одбиле да го гасат пожарот без полициска заштита. Полицијата, пак, вели дека директно од престолнината Лима добила наредба да се воздржи од какви и да е акции. Во целиот регион се затворени сите компании во страв од протестите, како и пазарите и училиштата..Од канадската компанија, пак, велат дека проектот нема да го загрози блиското езеро Титикака, најголемо во Јужна Америка, а воедно ќе донесе 1.000 нови вработувања. Локалните жители, претежно припадници на домородниот народ Ајмара, не се задоволни од ветувањата.Миатиот месец, владата во Лима беше присилена да прекине рударски проект во регионот Тиа Мариа за вадење на бакар, откако во судирите со полицијата загинаа тројца демонстранти.Странските компании најавија инвестиции во рударството во Перу во висина од 40 милијарди евра во наредната деценија. Перу е еден од најголемите извозници на злато, сребро и бакар, а рударството носи 68 проценти од приходите на земјата од извозот. /крај/aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Регион
Девојка која исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Свет
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
Пратениците во американската сојузна држава Тенеси усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат скриени пиштоли на училиште. Нацрт-законот беше одобрен со 68-28 гласови во Претставничкиот дом на Тенеси, во кој доминираат републиканците. Државниот Сенат го усвои законот претходно овој месец.
Тенеси има жестока дебата за законите за оружје по минатогодишното пукање во училиште во Нешвил во кое загинаа три деца и тројца возрасни членови на персоналот. Некои од демократите во Претставничкиот дом помогнаа во водењето на протестите во главниот град, што доведе до нивно кратко протерување од законодавниот дом минатата година.
„Ова е ужасен ден за Тенеси, нашите деца, нашите наставници и нашите заедници“, напиша на социјалните мрежи Џастин Пирсон, демократ кој беше исфрлен од Домот минатата година, а потоа беше реизбран. „Наместо да ги заштитат децата, тие пак ги заштитија пиштолите!“
Републиканците и другите конзервативци честопати повикуваат на вооружување на наставниците како одговор на бројните престрелки во училиштата што се случија во САД во последните 25 години. Поддржувачите на овие мерки тврдат дека вооружените наставници ќе ги одвратат потенцијалните пукања во училиштата.
Противниците велат дека оружјето во училиштата веројатно ќе доведе само до трагични случајни престрелки.
Околу половина од сите американски држави им дозволуваат на наставниците или другите вработени во училиштата да носат огнено оружје на училишни терени, според Правниот центар Гифордс, група за безбедност на оружје. Според законот на Тенеси, секое лице кое сака да носи скриен пиштол на училиште мора да заврши најмалку 40 часа полициска обука. Трошоците за обуката заедно со огненото оружје се на товар на поединецот.
Според предлог-законот, идентитетот на наставникот или член на персоналот кој носи оружје нема да биде јавен. Директорите на училиштата мора да дадат одобрение за лице да носи оружје, а началниците на локалната полиција мора да бидат информирани за идентитетот на носителот.