Свет
Сириски трупи ги опколија Растан и Талбисех
Две лица се убиени во градот Растан во сириската провинција Хомс каде во неделата влегле воени единици и тенкови, а повеќе десетици се ранети, јавува Reuters повикувајќи се на очевидци.
Две лица се убиени во градот Растан во сириската провинција Хомс каде во неделата влегле воени единици и тенкови, а повеќе десетици се ранети, јавува Reuters повикувајќи се на очевидци. Сириските војници придружени од тенкови ги опколиле градовите Растан и Талбисех, во коишто во неделата наутро се одржувале анти-владини демонстрации.Во исто време, според активистите на сириската опозиција, војската и безбедносните сили ги блокираа сите патишта кои водат кон двата града. Според Associated Press, овие градови немаат никаков контакт со другиот дел од планетата, бидејќи прекинати се сите телефонски врски а градовите се под строга опсада. Според Reuters, при влегувањето во градот Растан со население од 80 илјади жители, војниците отвориле оган од автоматско оружје. Бунтот во Сирија започна во средината на март во градот Дера’а на границата со Јордан, и многу брзо се прошири во другите региони на земјата, како и во предградија на главниот град Дамаск. Сириските активисти за човекови права велат дека во судирите со безбедносните сили биле убиени досега околу илјада луѓе. Од друга страна, според официјалните власти во Сирија, безредијата се предизвикани од акциите на „вооружените терористички елементи“ кои сириската власти го обвинува за насилството во земјата, при што се наведува дека биле убиени повеќе од сто припадници на војската и полицијата./крај/ро/ап/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа
Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица беа ранети, објави шефот на воената управа во Керсон, Олександр Прокудин.
„Руската армија гаѓаше станбени области на населени места, при што беа оштетени две катни згради и 10 приватни куќи. Како резултат на руската агресија, две лица загинаа, уште 4 се повредени“, рече Прокудин на Телеграм.
Погоди се забележани и во пристанишната инфраструктура, објектите за критична инфраструктура, трговски центар, комерцијални објекти и автомобили, додаде тој. Според него, непријателот ги гранатирал населбите Дудчани, Нововоронцовка, Михајловка, Одрадокамјанка, Гавриловка, Весела, Золота Балкан, Качкаровка, Антоновка, Станислав, Днепровске, Јантарне, Билозерка, Велетенске, Кизомиш и градот Берег.
Во текот на ноќта, силите за противвоздушна одбрана уништија 26 од 28-те јуришни беспилотни летала што Русија ги користеше за напад на Украина, објави на Телеграм Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.
Свет
Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата
Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис Скот Ки се урна во вторникот наутро откако товарен брод удрил во него.
Двајца мажи на возраст од 35 и 26 години се пронајдени на 7,6 метри под вода, пренесува CBS News. Несреќата се случила во вторникот откако бродот „Дали“ удрил во еден од столбовите на мостот.
Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт. Во вторникот беше објавено и дека бродот Дали, кој удри во мостот, исто така бил вклучен во инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година.
Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, соопштија локалните власти во вторникот вечерта, бидејќи се претпоставува дека се мртви.
Претходно беше соопштено дека спасувачите трагаат по 20 луѓе, додека шефот на противпожарната служба во Балтимор Џејмс Валас во вторникот изјави дека две лица се спасени од реката Патапско.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.