Свет
Претседателот на Нигерија положи заклетва
Претседателот на Нигерија, Гудлак Џонатан, денеска ја презеде должноста со давање заклетва, по изборите кои се сметаат за најфер избори во земјата во последниве 20 години, но сепак ќе мора да се соочи со поделеноста во земјата по крвавите поизборни судири
Претседателот на Нигерија, Гудлак Џонатан, денеска ја презеде должноста со давање заклетва, по изборите кои се сметаат за најфер избори во земјата во последниве 20 години, но сепак ќе мора да се соочи со поделеноста во земјата по крвавите поизборни судириЦеремонијата ја обезбедуваа околу десет илјади војници, полицајци и агенти на тајните служби, а местото го надлетуваа хеликоптери. Околу 20 државници беа присутни како гости, претежно од африканските држави. Џонатан (53), христијанин од југот на земјата, лесно го победи својот противник, Мухамуду Бухари, поранешниот воен заповедник од северот каде што муслиманите се мнозинство на изборите на 16-ти март, но во тродневните демонстрации по изборите загинаа повеќе од 800 луѓе. Демонстрациите и насилствата се проширија од северот на оваа африканска земја со најмногу жители, а жртвите беа ликвидирани со огнено оружје, со мачети или палени. Џонатан на власт дојде во 2010 години, по смртта на Умару Јар’Адуа, муслиман од северот кој не успеа да го доврши првиот мандат. Според правилата во Нигерија, кандидатите од југот и од северот се менуваат на претседателската должност. Џонатан е прв претседател на Нигерија роден во делтата на реката Нигер, која е богата со нафта и која беше поприште на долгогодишни востанија и насилства. По амнестијата во 2009 година, таму е релативно мирно, но никој не може да претпостави колку ќе трае мирот, поради силната омраза помеѓу муслиманите и христијаните. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.