Контакт

Свет

Судењето на Мубарак почнува на 3-ти август

Објавено пред

Судењето на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и на двајцата негови синови обвинети за убиствата на демонстрантите во време на народниот бунт во јануари и февруари годинава, како и за незаконско богатење, ќе почне на 3-ти август, изјави за АФП извор близок на судските органи.

Судењето на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и на двајцата негови синови обвинети за убиствата на демонстрантите во време на народниот бунт во јануари и февруари годинава, како и за незаконско богатење, ќе почне на 3-ти август, изјави за АФП извор близок на судските органи.Мубарак и неговите синови Ала и Гамал, како и познатиот египетски бизнисмен Хосни Салем ќе мора да се појават пред кривичниот суд во Каиро на споменатиот датум со кој ќе претседава судијата Ахмед Рифат.Ова ќе биде првпат во историјата на Египет поранешен претседател на државата да биде изведен пред суд. Владиниот дневен весник „Ал Ахрам“ кој се повикува исто така на владин извори, во средата пренесува дека процесот ќе почне поради безбедносни мерки во одморалиштето Шарм ел-Шеик, каде Мубарак веќе подолго време е хоспитализиран.Весникот „Ал Ахрам“ во написот донесува дека „омразата кон Мубарак се зголемува секојдневно, имајќи ги предвид се’ повеќето информации за неговото богатство и имот во странство“. Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон во средата изјави дека Вашингтон се надева дека Египет ќе спроведе чесно и фер судење, бидејќи сака „владеење на правото“. /крај/афп/аа/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

На „Инстаграм“ се фалел со скапи автомобили и бродови, сега се соочува со 20 години затвор

Објавено пред

За неговите 2,5 милиона следбеници на социјалните мрежи, Рамон Олорунва Абас (37), инаку познат како Хашпупи, водел екстравагантен живот во Дубаи. Глумел агент за недвижности, се фалел со скапи автомобили, облека од луксузни брендови, како „Гучи“, „Версаче“ и „Фенди“, како и со приватни бродови и авиони.

Животниот стил како од соништата паднал во вода кога американската сојузна полиција открила дека заработувал пари преку хакерски шеми, при што украл милиони долари од големи компании во Америка и Европа, како што се адвокатски фирми, банки и од Премиер лигата. Абас бил сослушан во Чикаго по екстрадирањето во САД, а доколку биде осуден, ќе се соочи со казна затвор до 20 години.

Во наредните недели тој ќе биде префрлен во Лос Анџелес, каде што ќе се соочи со обвиненија за перење стотици милиони долари. Тој водел глобална мрежа на сајбер-криминалци, кои влегувале во разни системи и переле пари за да украдат стотици милиони долари од компании.

Нигерискиот државјанин живеел во луксузниот хотел „Палацо Версаче“ во Дубаи. Работел со повеќе лица, а заедно со него биле уапсени и други 11. Истражителите заплениле речиси 41 милион долари, 13 луксузни автомобили во вредност од 6,8 милиони долари и телефонски и компјутерски докази, се вели во соопштението на полицијата во Дубаи. Тие на телефони, компјутери и харддискови им ги откриле адресите на е-поштата на речиси два милиона потенцијални жртви.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Ебола се шири во Конго, потврдени 50-ина случаи

Објавено пред

Еболата се шири во Демократска Република Конго со речиси 50 регистрирани случаи, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Откако властите ја прогласија епидемијата на 1 јуни, потврдени се 48 случаи во Конго, а за уште тројца постои сомнеж дека се заболени. Вкупно починале 20 лица, изјави експертот на СЗО, Мајк Рајан.

„Ова е многу активно жариште и јас би рекол дека имаме голема причина за загриженост“, рече Рајан пред новинарите.

Тој предупреди дека иако сега бројките се мали, во ерата на Ковид-19 многу е важно да не ги запоставиме другите болести што се појавуваат.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Во Србија ќе се предложи задолжително носење маски во затворен простор

Објавено пред

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека ќе предложи задолжително носење маски во затворен простор.

Ова ќе се однесува на цела Србија, без оглед дали во некое место е прогасена или не вонредна состојба.

Во Србија досега со Ковид-19 се заразени 18.639 лица, од кои 405 починаа, а оздравеле 13.940 луѓе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија12 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија12 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија15 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ15 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија15 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија16 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет19 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа20 часа

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ21 час

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ21 час

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија21 час

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион21 час

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион22 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет22 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет23 часа

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион23 часа

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија24 часа

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија2 дена

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Македонија2 дена

Во Скопје има 1.830 активни случаи, најмногу во Чаир, Гази Баба и Аеродром

Во Скопје во моментов има 1.830 активно заболени лица од ковид-19. Според информациите по општини, најголем број од заболените се...

Досие