Свет
Режимот во Сирија повикува на дијалог
Сирискиот претседател Башар ал-Асад најави формирање тело задолжено за „националниот дијалог“ и почна со ослободување на стотици политички затвореници
Овој потегна на претседателот на Сирија, Башар ал-Асад се оценува како обид да ги смири масовните протести кои од март ја потресуваат неговата земја и покрај бруталните репресивни мерки што се преземаат за задушување на народното незадоволство.Истовремено УНИЦЕФ соопшти дека најмалку 30 деца се убиени со истрели од огнено оружје во рамките на досегашните репресии од страна на безбедносните сили на Сирија. Според организацијата за заштита на човековите права, од средината на март се убиени повеќе од 1.100 цивили а најмалку 10 илјади се уапсени.Во средата еден цивил е убиен во градот Растан во централниот дел од земјата, а 20 мртви тела се довезени во државната болница во градо Хомс во истоимената сириска провинција, изјавил претставникот на сириското здружение за човекови права со седиште во Лондон, Рами Абдел-Рахман, но не прецизира кога и како настрадале овие 20 жртви.Сепак, во средата, еден ден откако беше прогласена општа амнестија, ослободени се повеќе стотици лица кои биле затворени поради политички активности и поради приговор на совеста, додаде Абдел-Рахман. „Илјадници политички затвореници се’ уште се во затворите и наскоро ќе бидат ослободени“, додаде Абдел-Рахман.Меѓутоа францускиот министер за надворешни работи, Ален Жипе изрази страхување дека е „предоцна“ за општо простување.„Загинаа најмалку илјада луѓе, а можеби и повеќе, и промената на курсот на сириските власти мора да биде наполно појасна, поамбициозна и посмела, отколку што е простото прогласување на амнестијата“, истакна претходно во средата Жипе. Од друга страна, според официјалните власти во Сирија, безредијата се предизвикани од акциите на „вооружените терористички елементи“ кои сириската власт ги обвинува за насилството во земјата, при што се наведува дека биле убиени повеќе од 120 припадници на војската и полицијата.И шефот на турската дипломатија, Ахмет Давуитоглу, го пофали прогласувањето на амнестијата но истакна дека таа треба да биде проследена со „општи реформи“.Асад се обиде да ги смири демонстрантите, укинувајќи ја 50-годишната вонредна состојба, но апсењата без налог продолжија и покрај укинувањето на таквиот закон.Групите за заштита на човековите права наведуваат дека над 1.000 демонстранти во суровиот обид на владините сили да го спречат бунтот.Таткото на актуелниот сириски претседател, Хафез Асад пред 30 години уби најмалку 10.000 лица за да го сопре востанието на Муслиманско братсво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.