Свет
Интеграцијата со поранешните советски држави е приоритет за Русија
Интеграцијата со другите поранешни советски републики е приоритет за Русија и Москва ќе продолжи со доделување на помош за да се оствари оваа цел, изјави рускиот премиер Владимир Путин.
Интеграцијата со другите поранешни советски републики е приоритет за Русија и Москва ќе продолжи со доделување на помош за да се оствари оваа цел, изјави рускиот премиер Владимир Путин.Премиерот, кој во една прилика изјави дека загубата на Советскиот сојуз е најголемата геополитичка трагедија на 20-от век, вели дека интегративниот процес ширум поранешниот Советски сојуз „има многу трошоци“. Според извештајот на Министерството за финансии, објавен во пресрет на самитот на Г8 во Добиј, Франција минатата недела, Русија потрошила 472,32 милиони долари на помош во странство во 2010 година. Во извештајот не се одделно дадени сумите за која држава колку е дадено.„Трошоците се оправдани. На крајот сте ние сме заинтересирани во нашето соседство да имаме пријателски, стабилни држави, со динамичен развој“, вели Путин.Сепак, руските експерти предупредуваат Москва да престане да „пумпа“ пари во овие држави, додека не добие некаков вистински повратен одговор. „Русија целосно ќе изгуби, а ќе изгубат и самите држави кои ја примаат помошта, ако таа неселективно се доделува за неефективни државни субвенции и за потикнување на високиот разменувачки курс на нивните национални валути“, вели рускиот економист Александар Морозов. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Родителите на 2-годишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата 2-годишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ се уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации кои не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.