Свет
Бројот на починати од ешерихија коли се искачи на 22
Бројот на починати од епидемијата поврзана со бактеријата ешерихија коли во Европа се искачи на 22 лица, од кои 21 лице починале во Германија, соопшти Европскиот центар за спречување и контрола на болестите, чие седиште е во Стокхолм.
Бројот на починати од епидемијата поврзана со бактеријата ешерихија коли во Европа се искачи на 22 лица, од кои 21 лице починале во Германија, соопшти Европскиот центар за спречување и контрола на болестите, чие седиште е во Стокхолм. Во земјите на Европската унија од бактеријата ешерихија коли се заразени вкупно 1.605 луѓе, поголем дел од нив се во Германија. Во однос на претходниот ден Европскиот центар регистрирал 328 нови случаји, од кои само во Германија се регистрирани 323 нови случаеви на заразени од ешерихија коли. Европскиот центар јавува и за нови четири заразени во Велика Британија е еден во Данска. Изворот на заразата се уште не е откриен, но овој вид на ешерихија коли, Светската здравствена организација го идентификува како редок облик на оваа бактерија под ознака “O104:H4“. Овој вид на ешерихија коли бил познат, но ова е прв пат да биде откриен за време на епидемија. Во меѓувреме германските власти соопштија дека причина за појавувањето на оваа опасна бактерија e ркулец на грав кои се одгледувани на северот на земјата. Портпаролот на министерството за земјоделство на Долна Саксонија, Герт Хане рече, дека таа сојузна држава објавила предупредување луѓето да престанат да го јадат овој ркулец кој вообичаено се користи во мешани салати. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.