Свет
Расмусен бара поголем ангажман на членките на НАТО во Либија
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави денеска дека на дводневниот состанок на министрите за одбрана на членките на Алијансата ќе укаже на неопходноста на нивно посилно вклучување во воената акција во Либија
На состанокот што денеска почнува во седиштето на НАТО во Брисел, Андерс Фог Расмусен ќе изврши притисок на земјите членки повеќе да се ангажираат во мисијата што ескалираше со цел Моамер ел-Гадафи да биде соборен од власт.Воената авијација на НАТО продолжи со бомбардирањето на Триполи, а минатиот викенд во акциите во Либија по првпат се вклучија француски и британски хеликоптери.Триполи утринава го потресоа 10 експлозии, еден ден откако Алијансата ќе ги изведе најжестоките удари на главниот град на Либија.Гадафи во меѓувреме порача преку државната телевизија дека никогаш нема да се предаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.