Свет
Расте притисокот врз ОН за резолуција против Сирија
Европските сили го засилуваат притисокот врз Советот за безбедност за изгласување на резолуција со која би се осудило крвавото кршење на бунтот против режимот во земјата од страна на сириската влада
Европските сили го засилуваат притисокот врз Советот за безбедност за изгласување на резолуција со која би се осудило крвавото кршење на бунтот против режимот во земјата од страна на сириската владаБританија, Франција, Германија и Португалија денеска пуштија во циркулација нацрт-резолуција со која ќе се осудат акциите на владата и ќе се побара неодложен прекин на насилствата во Сирија. Резолуцијата сепак, се воздржува и од повик за воена интервенција во земјата или за засилување на санкциите на ОН врз Дамаск.„Ако некој гласа против таа резолуција или стави вето, тоа ќе тежи на нивната совест“, изјави денеска во британскиот парламент премиерот Дејвид Камерон. Вчера и францускиот министер за надворешни работи, Алан Жупе, го осуди она што го нарече „репресија“ во Сирија и додаде дека секојдневно ситуацијата се влошува.„Масакрите се зголемуваат. Несфатливо е како ОН продолжуваат да молчат за оваа работа. Ние работиме со нашите британски пријатели за обезбедување на мнозинство во Советот за безбедност. Мислам дека сега треба да гласаме, за сите да си ја преземат својата одговорност“, вели Жупе. Русија, повикувајќи се на бомбардирањето на НАТО на Либија, кое се уште не вроди со очекуваниот резултат, соопшти дека ќе стави вето во СБ на интервенцијата во Сирија. Во меѓувреме, во Сирија продолжуваат додека жителите на северниот град Јиср ал-Шугур, на 20 километри од границата со Турција, масовно бегаат во страв од одмазда на владините сили. Во овој град пред два дена од заседа беа убиени 120 војници и полицајци и 42 цивили. Официјален Дамаск тврди дека силите за безбедност биле нападнати „вооружени екстремисти“ и го користеле локалното население како жив штит, додека локалните опозициски активисти тврдат дека повеќето војници биле застрелани откако одбиле да пукаат во невооружени цивили. Јиср ал-Шугур беше главно упориште на забранетата организација „Муслиманско братство“ во текот на 1980-те години, кога во гушењето на востание слично на тековното беа убиени илјадници локални жители. Од почетокот на протестите во средината на март до сега загинале околу1.100 луѓе. /крај/aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса
Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, изјави дека се оштетени најмалку 14 станови, пренесе агенцијата „Униан“.
Целта на руските беспилотни летала беше и Киев, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.
Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Николаев.
Свет
Зеленски: Ако француските авиони можат да го заштитат небото на Израел, зошто да не и нашето
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја очекува посетата на неговиот француски колега Емануел Макрон на Киев за да разговара со него во врска со неколку точки на соработка, особено како најефективно да се зајакне заштитата на украинското небо.
„Ако француските авиони со француски пилоти можат да го заштитат небото на Израел, зошто француските авиони не можат да го заштитат небото на Украина. Но, во секој случај, неопходно е таквите иницијативи да доаѓаат од личноста од која зависи одлуката. И Емануел Макрон сè уште не разговарал за овие точки со мене. Тој вети дека ќе дојде во Киев и тука ќе имаме можност да го направиме тоа“, изјави претседателот на Украина во интервју за познатиот француски медиумски блогер Хуго Травер, на прашањето за можноста за испраќање француски војници во Украина.
Зеленски изјави дека не е во надлежност на украинскиот претседател да ја повика француската армија во Украина.
„Немам право да кажам дека утре француската армија треба да биде во Украина со полна сила и да се бори за нас, едноставно немам право на тоа и затоа никогаш не го покренав ова прашање“, рече тој.
Што се однесува до другите точки на соработка, како што наведе, тие се пред се мисии за обука на воени инструктори од Франција, пренесува Укринформ.
Макрон требаше да ја посети Украина во февруари, но потоа посетата беше одложена, според медиумите, од безбедносни причини. Подоцна, средината на март беше спомната меѓу можните датуми.
Зеленски рече дека е уверен оти ќе се најде формат за разговор со Русија за одлуките што водечките земји во светот ќе ги договорат на Мировниот самит во Швајцарија, кој беше најавен за 15 и 16 јуни.
– Ако по првиот самит заминеме со разбирање дека имаме точки за кои сите се согласуваме… Ако на маса има земји кои навистина сакаат мир и бараат праведен мир од Русија, тогаш документ со нашата визија ќе биде подготвени и ќе дојде моментот кога за тоа ќе се разговара со претставници на непријателот – рече Зеленски.
Според Зеленски, повеќе од 80 земји во светот ќе можат да постигнат договор за најмалку три точки од Формулата за мир.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.