Контакт

Свет

Убиен руски полковник, осуден за злосторства во Чеченија

Објавено пред

Поранешниот руски полковник Јуриј Буданов е убиен денеска наутро во Москва, јавуваат руските медиуми.

Поранешниот руски полковник Јуриј Буданов е убиен денеска наутро во Москва, јавуваат руските медиуми.

Во 2003 година тој беше осуден на десет години затвор за грабнување и убиство на 18-годишна Чеченка, а потоа казната му беше заменета со условна што предизвика силни реакции на јавноста во Русија.Јуриј Буданов беше ослободен од затворот на условно отслужување на казната за злосторството над 18-годишната Елса Кунгаева во 2009 година. Според извори на агенцијата Интерфакс од московската полиција, станува збор за нарачано убиство. Во моментот кога бил застрелан Буданов бил во армиска униформа и одел на редовно секојдневно пријавување во локалната полициска станица. Буданов е застрелан на Комсомолскиот булевар во централниот дел од руската престолнина во 10.30 часот по македонско време, а на местото на убиството сè уште траат истражните дејствија. Во меѓувреме агенцијата повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека е пронајдено возилото „мицубиши лансер“ со кој избегал егзекуторот на Буданов. Поранешниот полковник на руската армија бил застрелан со четири куршуми во главата. „Ова убиство на поранешниот полковник може да биде провокација со цел ’да се затресе’ општествено-политичката ситуација во земјата. Тоа може да биде одмазда, но тоа може да биде и провокација“, изјави за РИА Новости лидерот на движењето „За правата на човекот“, Лев Пономарев, според кој евентуалната провокација е насочена кон „поткопување на ситуацијата во земјата“./крај/рн/иф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Босна и Херцеговина 180 новозаразени со коронавирус

Објавено пред

Во Бoсна и Херцеговина потврдени се 180 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, објавија јавните здравствени институти на Федерацијата на БиХ и Република Српска.

Од средата тестирани се 1.758 лица.

Најголем број новозаразени има во Сараево, каде што се потврдени 27 случаи, по што следува Бања Лука со 9 нови случаи.

Бројот на заразени лица е поголем отколку еден ден претходно кога беа регистрирани 152 лица позитивни на Ковид-19.

Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во БиХ сега е поголем од 4.700 лица.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај пациентите.

Според извештаите, се нагласува дека до 18 проценти од хоспитализираните пациенти со коронавирус се пушачи.

Во согласност со тоа, СЗО им препорача на пушачите да се откажат од пушењето.

Прикажи повеќе...

Регион

Албанската телевизија ќе емитува вести на црногорски јазик

Објавено пред

Албанскиот јавен сервис ќе почне да емитува вести на црногорски јазик на втората телевизиска програма (РТШ 2), соопшти денеска Матицата на Црногорците.

Вестите ќе се емитуваат двапати дневно, од понеделник до петок.

Заслугата за тоа му припаѓа на претседателот на Унијата на Црногорците во Албанија, Маринко Чулафиќ, кому Матицата на Црногорците му упати срдечни честитки и признание за макотрпната работа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Македонија5 часа

Милошоски со втор негативен тест на Ковид-19

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави на социјалните мрежи дека и вториот тест на Ковид-19 му е негативен. „Почитувани пријатели,...

Македонија5 часа

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија5 часа

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Македонија7 часа

Утре ќе се разговара за затворање на границите со Србија и Косово

Министерството за здравство информира дека, со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на...

Спорт9 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија9 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија10 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет11 час

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет11 час

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија12 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет12 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија12 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет12 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет12 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет13 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет24 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Досие